Здраво Купив денес спатифилиум и сакам совет , бидејќи ми е преубаво цвеќе и не сакам да згрешам одма Кога може да го пресадам и дали во помала или поголема саксија ? Вакви саксии ги имам. (Кај големата саксија скроз овенат дрвото на животот) А ова се саксиите
Здраво, дали некој знае да ми каже моментална цена на лалињата? Купче за букет од 20тина пример колку ќе ме чини?
Околу 450 денари е едно лале (зависи од која продавница го зимаш), а за повеќе сигурно ќе ти направат попуст.
с Фала ти но, мислев повеќе за цена во букет цвеќе, не саксија. Веќе купив и цената беше 80 денари од лале, значи букет од 15 чинеше 1200ден. Ете ако на некој му треба информацијата.
Да си ја пробам среќата уште еднаш Добив мало гранче Хоја , некаде есента. Во ептен мала саксија (оние за продажба). Пушти долга гранка, расте убаво и ми стои на прозор. Но таа саксиичка е како чаша мала и немам место да ставам некој држач за гранките . Сакав да ве прашам дали може сега да ја пресадам , исто во помала саксија ? Еве ја каква е мојата Хоја.
Слободно пресади ја, во број-два поголема саксија. Јас секогаш ги пресадувам цвеќињата по купување, без оглед на годишно време, најмногу поради тоа што земјата во која се кога ги купуваме не е баш предвидена за долго да седат во неа,често е полна со "хемија".
Јас тогаш прашав во група на фб и сите рекоа не одма пресадување. А за некое чудо ( за мене ) цвеќенцето ептен пркна. Многу ми е убаво , ама ептен, ептен е мала таа саксија. Е гогаш ќе ја пресадам утре . Фала ти премногу А ќе можам и Спатифилумот да го пресадам сега ? Го купив пред 1 месец ама има цветови , а исто е во мала саксија .
Хојата нема гајле,пресади ја слободно, спатифилиумот е во цвет моментално, за него можеш да почекаш некој месец. Иако јас и него би го пресадила одма, ама ништо нема да му биде да си поседи во "тесно" уште малку. Во принцип,тој си сака не многу големи саксии, пресадувањето е најмногу заради не многу квалитетната земја во која ги продаваат цвеќињата. П.С. Денес добив мала шефлера и ја пресадив во рок од одма.
450 ден Стварно се преубави ама ептен претерале. Не во Ск, од мал град сум само во една цвеќара имаше лале беше над 100 ден ама беа ептен жалосни, мали ситни, без лисја. Во земјите со многу повисок стандард букет со 14,15 лалиња е 7,8 евра. Нас не отепаа со цените, ужас.
Фала ти премногу на советите Јас и онака сум нестрплива ама сега многу почнав да сакам цвеќиња, само они мене не многу И затоа ми требаа насоки како да постапам за да не ми овенат. Ќе почекам за спатифилиумот , па накнадно ќе го пресадам
Девојки како се вика оваа цвеќе и какви услови бара? Го има некој а да успеало? Сликата е превземена не е лично моја.