За замијата знам да ја заборавам Ова женската среќа шо сака Како да ја наводнувам? Да чекам да и клапнат лисјата? Да ја потопувам или да ја оросувам?
Кога ќе и се исуши земјата слободно ставај и вода, отприлика еднаш неделно. Повремено може и да се тушира. Ако ја заборавиш и и клапнат листовите, кога ќе и ставиш вода после некое време ќе се кренат, така да ништо страшно, малце си е така drama queen
Јука, цвеќе што сака вода. Ќе видиш листовите ќе се свиткаат ако нема вода. На ова конкретно ми личи и светлина дека му фали. Не да го налеваш, ама ставај по малку водичка на 1 недела.
Кои цвеќиња може да се засадат сега? Внимание можам да им посветам ама зима немам каде да ги приберам Сите што ги имав отидоа зимава
Помош малку.. Расте криво, надоле.. Да го кратам? Да го исправам со нешто? Поголем цреп да ставам? Прв пат растам вакво, и прв пат ми успева волку.. Беше бебе кога го земав.. Ама што понатаму?
Ги чувам на прозор. Директна светлина никако не сакаат, кога е премногу сонце спуштам ролетна. Вода ставам во саксијата и седи така наводенета час два, убаво цедам, и ги прскам листовите. Лето ги наводенувам на 6 7 дена, зима 9 10 дена. Ниедна ми нема пропаднато.
Лесно цвеќе за одгледување. Не бара директна светлина и вода ставам кога ќе ја приметам земјата дека е сува. Некогаш менувам, наместо вода, го ставам под туш, прскам листови, така упива и земјата од водата и супер е. Повремено му ставам млеко разредено со вода, како храна му е и си цвета.
Што е работава со кактусиве ? Дали треба да ги пресадам во поголема саксија ? Долнит листови се суви.
Здраво Ако може некој да ми помогне Пред 1 недела купив Бенџамин, уште го немам пресадено но забележав дека листовите му се изгужвани, го вадев пред 3 дена еве и слика
Здраво на сите! Ве молам за помош, дали знаете каде можам да купам земја за пресадување на сукуленти, по можност во близина на Кисела Вода. И да не е во близина, дали имате некоја земјоделска аптека да ми препорачате во Скопје? Можеби би купила и семиња за некое овошје или зеленчук за во саксија ако има... Благодарам однапред!