Има ли некоја на форумов што има дома бугенвилија? На мајка ми лани ова време и купив бугенвилија. И го однесов во Македонија, пролет лето убаво си цветаше , розева е по боја инаку, си порасна , си извади нови цветчиња, е сега цвеќарот кај што го купив ми рече нека седи на едно место многу често да не се преместува, еднаш неделно да се полива и да не го фаќа дожд многу и ветер. Е сега тука кај што сум јас во Грција , климата е подруга колку толку иако живеам пак на север, нема често температури под нулата, он ми рече дека може да замрзне зимно време ако се спушти под 0. И кога залади ептен мајка ми го премести внатре во ходникот, па пред некое време пак го извади надвор. Ме интересира дали е нормално да нема листови воопшто, само стебло и гранки? Дали ќе пораснат пак или па и замрзнало? Кога скина едно гранче внатре си е зелено.
Нормално е. Кај нас е поладно и јас зимно време ја внесувам внатре, сега каде и да е ќе ја извадам надвор. И јас првата година се исплашив кога испопаднаа сите листови и гранките изгледаа како да се исушени. Ама нема гајле, еве ја 5та година така тера.
Орхидеја: Имам орхидеи 10тина имаат само по едно гранче освен со вода ништо друго не им ставам. Одсекогаш и ми се убави...ама бев во полоцијава наша и гледам орхидеи си чуваат таму кај што се сликав за возачка, абе едни преубави разгранети од гранче па пуштено уште гранчиња. Прашав ми рекоа само зелен чај. Како да ми се такви разгранети. (Сватив дека моите се утепани)
Какви цвеќиња имате моментално надвор? Јас немам сеуште никакво, не ми се извадени и таман кога се наканам стане ладно, сега пак најавуваат ладно а многу ми е празно вака без шаренило. Што можам да насадам што ќе ги издржи температурите? Кај некои гледам љубичици, од кога до кога цветаат, што услови бараат и дали се повеќегодишни?
Kako se odgleduva dracena? Pocnaa listovite da i pozoltuvaat i pagaat a na nekoi listovi beli krugcinja se pojavuvat.
Не сака многу вода. Јас и ставам еднаш месечно зимно време и еднаш на 10тина дена летно. Внатре на светлина, а надвор во сенка не на директно сонце. Пресадување еднаш на 2-3 години. Можеш и да ја тушираш, сакаат туширање со туш пуштен умерено, не на најјако
Имам бромелија цвеќе, цветот му се исуши и го скинав, никако не потерува нов цвет. Има шанси како да го управам цвеќето?
Матичните билки ретко вадат нов цвет. Ептен среќа да имаш еднаш на 3 год може ќе извади. Имав неколку ги чекав со години но ниедна не ми цветаше повеќе. Затоа веќе не купувам такво
Што се случува со кактусиве? Дали треба да ги пресадам во поголема саксија? Долните листови се суви...
Ова не ми личи на кактус, повеќе на сукулент. Да не им имаш ставано многу често вода? Пошто сукулентите треба да се наводнуваат само кога земјата е скрос сува. https://botanico.mk/site-kaktusi-se-sukulenti-no-ne-site-sukulenti-se-kaktusi/
Растенијата, не можат да живеат без сончева светлина. Ако сакате да ви останат живи чувајте ги на светло. Идеално би било летово да ги изнесете надвор, без да бидат изложени на директно сонце. Алоето (расцветаното) барем сака и вода.
На мојата сеуште гранките и се суви, така едната лани се расипа, сега и оваа. Дали овие цветови и се моментално? На зима ги внесувам ама не се во загреана просторија. Треба во загреана да се?
Не, сега сеуште се "суви" гранките, по некое има ливче. Рано и е за цветање, сликата е август месец направена.