Здраво јас и тука да си прашам... Дали некоја членка знае и може да ми обезбеди семе од лековити растенија за правење на мацерати немало кај над па некоја ако има да ми помогни
Каква прихрана им ставате на цвеќињата да цветаат повеќе? Лани имав едно во зелено шише, еффект 0,дали дека времето пекол и дожд не падна ама катастрофа ми беа цело лето. Оваа година ме интересира за сардели што е најдобро да им ставам да цветаат?
Здраво! Насадив дрво, не цвеќе ама ако знаете да ми одговорите ве молам. Насадив јавор со зелени листови и на крајот црвено високо 1,5 метри во септември. Цела зима ја презими одлично на пролет наполни гранки со листови целите црвени овој пат преубаво дрвото . Последниве две недели го гледам листовите на краевите му се исушени и многу се растажив. Сите дрва околу него зелени на волку дожд и не знам како станале исушени на јаворот. Се чудам дали зошто ќе менува боја ама не ми е логично ни тогаш да се исушени или најлошото некој да му ставил киселина ?
Не е цвеќе ама зошто вакви станаа, веќе накај жолти се. Има ли спас? Редовно полевани, прскани, од едно место земани на моите и на мене, во исто време ни се расипаа.
Да, кај мене е во голема саксија, крај на февруари ги садевме, кај моите истите се во земја исто се расипаа. Имам неколку големи други во саксија околу 3 години се мака немаат. Овие не знам што и е. Чудно што сите 5 се расипаа и кај мене и кај моите, во исто време садени.
Сега се замислив, кај некои дрвца има драстична разлика во цена, најверојатно и квалитет. Мислев дека дрво како дрво сите се исти...
Ај провери инсекти на него, лоша е малку сликата претпоставувам пожолтуваат игличките, друга работа е ако го чуваш у саксија веќе му е мала нема доволно почва за исхрана
Најубаво да им покажеш слика во земјоделска аптека и може ќе ти дадат некои средства. Јас сега ги прскам моите дрвца со некои прашоци ама не знам кои се за да ти ги кажам затоа што ги фрлив опаковките. Јас не ни знаев дека може да се разболат и неколку дрвца ми се исуши ја скроз.
Тоа шо ти се сушат е од што ги напаѓа црвен пајак Он се појавува на топло и влажно време и затоа март некаде и септември се прска за црвен пајак а измеѓу еднаш со инсекцид Ако ги нападне пајакот кога ке приметиш е веќе касно цело дрво се суши наеднаш
Нема по него ниту инсекти, ниту пајажини, плус редовно прскани беа. За кратко по садењето почнаа да се сушат. Кај моите е во земја па и таму се исушија.