Јас разочарана. Шоубаво ги спастрив малоките зимоска да преживеат ама сите овенати. Ги скастрив до корен и ќе чекам да видам дали ќе пуштат нови. Гпт вика 20% шанси има, па ај да видам. Изгледа ќе купувам нови. Туку се мислам сакам да правам како зелена ограда за сенка на едната страна, со темјан ќе бива? Лани многу брзо ми растеа долги гранки па се мислам да ставам жица и да растат по неа, има некој успеано со ова? Ако не да ми препорачате некое што поднесува многу јако сонце и дожд, за на југо запат ми е. Да не го тргам на секое врнење а тука богами знае да досади дождот.
Замија и Сансеверија,само местото постојано да им е исто. Јас зимата рашетувајќи ги по собите од топло на ладно ги расипав.
Дали знаете од каде можам да купам висечка кампанула и дали на лето издржува на јако сонце? Што услови бара?
Дали има некој Саликс(фламинго) врба? Го купив пред еден месец ама некако ливчињата му се сушат. Се надевам се приспособува долго време барав .
Има ли спас за палмава? Беше во помала саксија, се исуши па ја пресадив во оваа, но никако да закрене. Во простиријата користевме клима, да не и е сув воздухот? На 10 дена ја полевам, дали тука грешам?
Дали некој има лобелија? Не знам што и стана две почнаа да се сушат, а многу ми беа убави, баш ми е криво. Бујни и виснати надолу. Дали некако можам да ја спасам?
Хелп, каде да барам точкаста бегонија (begonia maculata)? Овие профиливе по Инстаграм некако доста високи цени имаат, па се надевам дека по цвеќарнициве низ Скопје ја има со некоја понормална цена?
Kitka Plant Farm Happy Plant Еко раст ДеДи Пиши им на фб, обично тоа што ми требало ги прашувам и се случувало и да немаат слика објавено а да имаат на лагер.