Јас си ги собрав петуниите како попче Па само што си ги купив нема смисла да ми смрзнат. А сарделите и љубичиците се надвор, па се надевам нема да им биде ништо.
Тазе засадените чепки најверојатно толку од нив или повеќето, ќе ги пресече ладново, а тие се уште кревки и не се фатени, плус викаш на отворено се За другите цвеќиња од ладново може ливчињата да им паднат, под услов ако не се задржи студов, ако не ќе измрзнат ^^ мене на апликација ми стои дека во петок ноќна ќе биде -2 па нека им е напомош а после деновите има качување на температурите..
Сакам на клуб масичката да си ставам 2-3 малечки саксии и во нив некое цвеќе, кактусче, сукулент некој кои нема да растат големи. Ќе ми препорачате ли нешто?
Кактус подобро,сукулентите се потешки за чување,имаш и во Бриколаж избор на мали кактусчиња по 89-99-119 денари. Не растат брзо а убаво се украсни
Здраво, дали некоја би знаела од што се појавуваат овие црни дамки на спатофилумот и некое чаре.... позз
Не знам од што, но и кај мене е така. Како го одржуваш ти? Гледам многу му се убави листовите, мазни, светат, а и големи се. Јас имам од лани ми е, никако да порасне и цвет да пуште, му ставив хумус, ама ни да пркне ни да потера, не знам веќе што да му правам. Го наводнувам кога видам дека ептен се исушила земјата, а сега го чувам надвор, под сенка.
Големи изгледаат оти е зумирано, инаку му се мали а за нега ништо посебно - хумус и вода еднаш неделно дома го чувам на сенка. Лани кога го купив беше многу поголемо и поубаво и цветови пушташе ама сега некако жално ми е и не знам како да го оправам :/
Големи изгледаат оти е зумирано, инаку му се мали а за нега ништо посебно - хумус и вода еднаш неделно дома го чувам на сенка. Лани кога го купив беше многу поголемо и поубаво и цветови пушташе ама сега некако жално ми е и не знам како да го оправам :/
Земја имаш во земјоделски аптеки,баш вчера земав во Чаршија до Тетекс ќебапчилница што е на почеток од десна страна према златарскиот дел,саксии има убави и ефтини на Пластичарска
На Бит Пазар ги земав Импатиите се 3 за 100 денари,хортензија плава 200 денари и куќниот чувар 50 денари.Има многу убав избор на цвеќиња