саксиско цвеке дрвото на животот сака топло и осветлено место доколку си гo чувала на суво и не осветлено место мозе да му опаднат листовите.ако имаш тераса идеално би било да го изнесеш и наводнувај го 2-3 пати неделно во текот на летото и додај му несто за подхранување.се надевам ке ти се врати во живот .
саксиско цвеке исто и јас па затоа мајками ми даде кактуси да гледам и да ви кажам едниот и ми расцвета(имаше преубав бел цвет) и му се радував два дена и на сите го покажав ....па се исуши цветот ...и сега чекам нов
саксиско цвеке убава и пријатна тема ...јас нешто и не се разбирам превише ама од она што го гледам од мајками купуваме некое сретство за потхранување и ги поткопкува редовно и полива и затоа без пардон имаме нај нај цвеќиња
саксиско цвеке Мајка ми премногу сака цвеќиња. И стално се нервира, зошто лудово мое маче сите ги изеде..Сега земав некое се вика 3 јатрви..ми изгледаше преубаво....Јас ги сакам, ама не знам да се грижам за нив, тоа сепак и го препуштам на мама.
саксиско цвеке Мислам веќе имаше ваква тема Ако најдат модераторите нека спојат И иако можда има, јас пак на оваа ќе кажам, имаме по дома, мама е луда по дрва саксиски, ако ви ги сликам, ќе мислите оти во некоја џунгла живеам Ама ги обожавам, ги негувам и јас, и ми го исполнуваат животот со прекрасно зеленило. И како животните, ми делуваат другарски и пријатно
Саксиско цвеке Прекрасна тема , браво. До пред некој период неможев да ги замислам цвеќињава да ги одгледувам ама сега незнам што ми стана и сега почнав многу да се интересирам за нив, тежок случај . Прочепкав на нет за цвеќињава и еве некои корисни совети што ги научив. - Природно прихранување на цвеќето: Лушпите од јајцата (од живи јајца кои веќе сте ги употребиле за нешто) ставете ги во вода да отстојат неколку денови и со водата налевајте ги цвеќињата. Истиот ефект го има и бананата, односно ситно сецканата кора од банана се меша со земјата од цвеќето. На тој начин земјата се збогатува со калиум и шеќер за прихранување на цвеќињата. - Талогот од кафето употребете го заштита на цвеќето, ( едноставно истурете го кај коренот). На тој начин ќе го зајакнете одбрамбениот систем на цвеќето. - Доколку листовите се зафатат од некои инсекти, во вода ставете лук да одстои неколку часа и испрскајте ги листовите. Додека за штетниците во земјата ставете исчистен лук (прережан на половина). Така на природен начин ќе ги убиете штетниците.
Цвеќе.... Дали знаете да ми препорачате некое саксиско цвеќе на кое нема да му пречи да биде под сенка, имам еден дел на скалите кои се покриени кој сакам да го разубавам со саксии ама незнам што да купам
сум слушнала и за тоа да се стави аналгин во водата да се изрони , дали сте слушнале за ова колку има вистина, јас имам дрво на животот но сега ми го донесоа како поклон но јас многу од цвеќиња и не се разбирам така да ви барам совет за тоа како да го израснам и како да го чувам, каде, и што треба да купам дополнително, какви се тие средства што ги прочитав до сега...
И ние дома имаме неколку дрва на животот,но до сега барем јас не сум слушнала ни сум прочитала дека на цвеќе се става аналгин,знам дека има многу видови на потхранувачи за цвеќиња и повеќе видови на вештачки ѓубрива па ние за одгледување на сите цвеќиња ги користиме нив,најчесто се достапни во цвеќарите,и од нив цвеќињата стануваат многу убави и побрзо растат.........а цвеќињата со големи листови како фикус,дрво на животот и слични на нив добро е да им се бришат листовите со пиво па стануваат сјајни и се потхрануваат
Општи прашања Дали некој знае како се вика ова цвеќе (белите) ? И ако има некој дома и одгледува, ако сака да ми каже нешто повеќе за него? Спојлер
Општи прашања Петунии, барем ние така ги викаме. Белите се ретки а лиљаковите од густите. Оние белите се насејуваат преку семе а погустите како лиљаковата што е ги купуваме од цвеќари или од пазар. Еве сега уште малку и кај нас ке почнат да носат по пазарите.
Општи прашања Ние имаме дома во дворот во жардењери така мислам дека се викаат Баш ке ја прашам мајками како се викаат точно. Со нив имавме во летото случка, тие саксиите се закачени на оградата од куќата, и во летото 2 пати ни се случи некој да ни ги мавне со тоа саксивчето бело таман пораснаа )
Општи прашања Јок, не се љубичици петунии се викаат. Колку што знам сезонски саксиски цвеќиња се, се садат со готов расад или со семе. Моја препорака ти е готов расад да си земеш ги има по пазариве не се скапи, и има разни бои. Грижата окуклу нив не е нешто многу захтевна сакаат редовно наводнување и да бидат на сонце, меѓутоа несакаат дожд. Како да се разболуваат па им треба некое време да се вратат во нормала. Добра локација им е на тераса под надсрешница, каде ке ги грее сонце ама нема да ги врне дожд. Мајка ми секоја година ги одгледува и се преубави, а вака се грижи за нив.
Општи прашања Петунија се вика, сега баба ми ја прашав . Цветале наредните 5-6 месеци. И редовно одржување и наводнување им требало. Исто така треба да бидат на сонце, така цветовите ми кажа ќе им биле поубави, пораширени и ќе биле по свежи без разлика дали е наутро или навечер. Ние се сеќавам порано вакви имавме дома, на балкон ни стоеа во висечки саксии.