Некој да знај како се вика цвеќево. И како се сади со семе или? И по можност кај можам да го најдам во Битола.
Го купив минатото зимо со пупки ама дека му сменив место додека цвета,ги отфрли пупките,му паднаа.Годинава затоа ме израдува порано .Инаку ова е божикен кактус и обично цвета околу празникот затоа и така го викаат.
За спатифалиумот,ако имаш простор и светлина во бањата,најдобро е преку зима таму да ти стои.Ке живне ептен од влагата кога се бањате .
Има ли некој вакво цвеке да ми каже нешто повеќе.Еднаш читав за него дека може да успее и во засенето место,бара влага,ама заборавив како се викаше.Сакав да си прочитам подетално,на колку време да му сравам вода,какво губриво и сл.
Првото го викаат црвена детелина. Многу е убаво преку лето кога цвета, и јас го имам А од второто одамна сакам да најдам чепче (или да го купам), го имаше кај нас на работа и цело време се спремав да скинам чепче ама го "снема", некој си го прибра
Па си одговара и името, си расадив уште едно ама некако многу нежно е и несака многу вода, па го чувам во топло. А, ова слоновово уше убаво е и долго расте, долго време го имам дома ама Мајка дома кога ќе нарасне долго одма го крати пошто има тежина. Следна прилика кога ќе го видиш земај и бегај. Па нека му ја мислат
Мене божикниов кактус ми запра со цветањето.Погоре што ги ставив сликите од трите цветови и толку.А имаше ситни пупчиња од нив само три пораснаа,другиве толку . Некој чува вакво цвеке да ми каже што може да биде?
А што се случи со другите пупки, овенаа или паднаа? Ако уште стојат, веројатно ќе процветаат. Мојот Божо абер нема за цветање, лани процвета дури април некаде. Можеби зошто го чувам на ладно, ама и тогаш пушти три цвета и толку, не беше баш дарежлив.
Па на прецветани ми стоеа и ги скинав јас.Поучена од сарделите дека треба прецветаните да ги скинеш за да пушти нови цветови.Може тоа згрешив.
bebaa едно прашање: каде го чуваш Божиќниот кактус, на топло или поладно? И колку време му требаше од формирање на пупките до процветување? Јас мојот го чував во ладен светларник, ама сега го префрлив во дневна до прозор. Веќе оформил пупови и листовите како да му живнаа. Мислам дека само го измачував, изгледа сака потопличко и затоа многу касно ми цветаше лани.
Топло сака да.Во дневна го чувам но не ба дирекно светло.Така ми рекоа кога ми го дадоа.Искрено летово во друга соба беше па кога залади го преместив во дневна кај што грееме,и тогаш по некој ден забележав дека има три поголемки (ситни околу 2мм но сепак поголеми од деигите) пупчиња и ептен ситни тек зиркаа и на другите ливчиња.Почнав тогаш со почесто залевање и прихрана,оти така прочитав на интернет.Трите пупки многу бргу напредуваа и процветаа и прецветаа,а овие ситниве така си стојат не ни мислам оти ке пркнат
Во моментов незнам дали ќе најдеш, цвета сезонски, значи барај дури на пролет. Азалеа или јапонска ружа по нашки. Имаш неколку видови, освен дрвцево има и грмушести. За 8ми март знам у велико се продаваат по цвеќарнициве, пазариве... Цената варира зависно од големината, грмушестите се околу 300, 350, 400 денари, а дрвцата се малку поскапи, отприлика 600-700 денари.
Ги видов на една фб страна и немав поим каде ги има и колку пари само пишуваше азалеа дрво. Фала многу. Буквално се заљубив во цвеќево/дрвцево.
Знае ли некој како да го оправам цвеќенцево? Посебно ми е драго. Чувар куќа е (бар така ми рекоа), не сакало многу вода. Го чував на балкон, го преместив внатре. Нормална тт ни е дома, 21/22. Почна да ми се распаѓа, го пресадив пред 2дена... Сега гледам пак ливчиња паднале.