Овие се кај тебе?? Многу се убави.И јас барам такви цвеќина.Терасата само наутро ми ја фаќа сонце после цела ден е сенка.Колку вода сакаат?
Не се мои, од интернет се. И мојот балкон е таков само со утринско сонце, и меѓу другите имам висечка бегонија. Вода ставам кога ќе се исуши површинскиот слој земја, а бидејќи е под сенка тоа не е многу често. Тоа важи скоро за сите цвеќиња што се таму. Иначе по пазарите и расадниците има голем избор на цвеќе, и за сенка и за повеќе сонце што сакаат. Што ти душа сака ќе најдеш.
Може ли некоj да ми каже што им фали на цикламиве? Мака мачам со нив никако неможам да ги одржам во живот. Ги наводнувам преку 3/4 дена во подлошката многу ли е малку ли е? Уште кога ги купив ги пресадив со хумусна земja и пред две недели им ставив прихрана течна. Каде ли грешам?
Пробај извади ги на тераса. Мојава пркна, но сака по малце вода на секои 2 дена, јас ставам директно во саксијата, и гледам пуштила нови листови.
Женски имам антириум го оставив еден месец на дечко ми кутрото овенало, му ставал вода директно од чешма веројатно од тоа е. Го пресадив лисјата не се толку цврсти како што беа ама пак добри се. Проблемот е што има повеќе пупки но никако да процвета, веќе две недели ги чекам. Некој совет или треба да помине повеќе време за да процвета?
Грандиозен и лепршав. Ви го претставувам,тадааааам...Нели е како од бајка? Мислиш ќе те гушне дур го гледаш Дома ми е внесен, за да има подобар ефект на сликата, Инаку прв пат ми цвета кактус, воопшто.И еве го више почнува да се суши. Се чувствувам како во филмот со палавиот Денис. Кога го чекаа тој мистериозниот цвет да се отвори, еднаш на 40 години. Такво е, спектакуларно расположението. Ај да не ми го урочите
Има ли некоја од вас Sansevieria и дали е тешка за одгледување? Многу едноставно и декоративно изгледа, сакам да си купам. Се охрабрив дека ми успеја орхидејата, па да купам некое друго цвеќе кое за промена нема да биде кактус.
Јас имам, не ми е воопшто тешка. Зимата ретко и ставав вода, исто како и на другите сукуленти, а сега ми е надвор на јужна страна сме и на 2-3 дена ставам ко ќе е сува земјата. Мислам дека нема да имаш проблем, а има и големи се продаваат, полесни се само да им се погоди местото и да не ја преместуваш. Мене сега ми е во план и сансевериа со жолто по краевите, и таа види ја многу е убава.
Да ти кажам, од вчера ги проучувам и нема некоја што не ми се допадна. Сакав да земам некоја средна. Оние скроз малите ми се како играчиња, а за голема немам баш убаво место за поставување, инаку ептен би сакала зашто многу ми се допаѓа како изгледа во простор.
@Mishela и мојата е средна. Исто немам место, а еден куп сукуленти и кактуси чувам и само додавам на листа. Со среќа ако земеш, да ти живее долго добра е и за внатре, природен прочистувач на воздухот е.
@Mishela сансевериа го викаат и канцелариско цвеќе, во превод- не бара многу нега, вода поретко, а и не сака директна светлина.
Фала ти многу, @kristina.k. Ќе се пофалам кога ќе земам. @Kitten, значи ќе го биде цвеќево како за некој почетник ко мене. Да се фрлам на бирање нареднава недела.
Свекрвин јазик, змиско цвеќе - исто ти е. Се шалам, ама многу е убаво цвеќево. Штом е лесна за одгледување секако ќе земам една наскоро.