Општи прашања Спојлер Петунии се викаат и многу се нежни ,јас последните 2 години се откажав од нив.Фаќаат многу вошки и штом еднаш ќе ги налазат им нема спас (или пак така е зашто во лето кај мене е премногу топло )Си бараат мислам циркулација на постуден воздух.
Обожавам цвеќе! И веројатно оваа љубов ми ја пренесе мајками која е исто така голем обожавател на цвеќе. Во поранешниот стан во кој живеевме, станот ни беше преполн со собни цвеќиња а терасата полна во цвет. Но, како се преселивме во новиот стан, едноставно не им прилегаше атмосферата и сите спласнаа... Мајками се трудеше и на крај се откажа и сега нема ниту едно цвеќе дома... Откако се омажив, некое време скоро па и да немав никакво хоби низ дома освен типичните домашни обврски. Но, бидејќи имаме убава голема тераса, решив да ја украсам со цвеќе кое дефинитвно ќе ни ја разубави секојдневната атмосфера. Терасата ни е на северна страна, а мојот првичен избор падна на сарделите ползавци и тоа во моментов имам во бела боја и розева боја, обете со дупли цвет. Сега тек треба да научам со што и како, колку и кога да ги потхранувам за да ми бидат се поубави. Имам слушнато дека квасецот многу убаво им прија на цвеќињата, знае некој како се става истиот? Исто и за пивото имам слушнато. Инаку, ме интересира, каде можам да најдам држачи од ковано железо или онакви кокосови корпи за цвеќе како што ги бесеа низ центар лани? Еве пар слики од моите млади цвеќенца...
изгледа јас сум единствената која не сака цвеќина а посебно собни во двор може ама дома цвеќе не можам да смислам. а убави цвеќина ми се герберите
Па сакам цвеќиња. На тераса имам питунии што мн. убаво ми мирисаат и мн. убави ми испаднаа оваа година. Многу вода бараат . На секоја саксија и` ставам 1 литар вода секој ден. Иначе имам и вештачки сини рози, ама мн. прашина ми фаќаат
Сакам цвеќиња,ама немам некое искуство за нивно одгледување. Затоа тука е баба да притрча на помош и да ми објасни. Имам две мали преслатки кактусчиња. Петунии во саксии и една палма во дневна. Гледам редовно да ги полевам и да се близу до сонце. Се мислев да им ставам нешто за потхранување,ама стварно не се разбирам. Така што секој совет ми е повеќе од добредојден.
Во земјоделска аптека или цвеќара, поголемите маркети имаш потхранувачи. Едни се за собни цвеќиња и средството се става во земја, а други има кои се раствараат во вода и со прскалка се полева цвеќето (се мисли на оние кои имаат цвет). Кое и да земеш нема да погрешиш, сите се добри и навистина ги прават поубави цвеќињата
девојки имам семе од палма ,сакам да го насадам во некоја убава голема саксија ама.... појма неам кој период се сади ни каква нега му е потребна .?? ако знае некој/а нека пише многу ке ви бидам благодарна
Јас мојата ја насадив од семка од урма. Од оние свежите, не пресувани. Мислам дека можеш да ја насадиш и сега. И после некое време ќе видиш иглести ливчиња. Само не ја пресадувај,зошто мене така не ми успеа една. Редовно наводнувај ја и ќе биде убава.
Не одгледувам, но се радувам кога ќе ми подарат. Кога ќе ги ставам во вазна на видно место во домот, чувствувам како да сум му дала живот и убавина на истиот. Секој вид на цвеќе би ме израдувал, но мои омилени се: 1. Гербери 2. Рози (особено кога букетот содржи рози во повеќе различни бои) 3. Кали
Одсекогаш сум сакала голема цветна градина, богата со разновидни цвеќиња и грмушести дрвца. Омилени ми се црвените ружи.
^баш тоа сега го читам на нет....а и ако не се лажам сега ми се враќа сликата, баба во двор ја има, ама и бела и розева. Каков букет убав може да се направи од неа
izvinete na mojata latinica tocno,ova e hortenzija latinski Hydrangea. Inaku prekrasno grmuslivo cveke koe vo zavisnost od ph na zemjata ja menuva bojata i da ne zaboravam spagja vo grupa ne otrovni bilki ne sum znaela do skoro a ko dete vo dvor non stop si kinev od cvetcinjata i na kuklite im pravev rucek!
отровни???? врз која основа отровни....ако се приготви нешто,или...? бидејќи јас оваа слика што ја поставив ја сликав кај комшиката во двор...а и вчера и се јавив на баба и она ми потврди дека ја имала....инаку и јас порано како мала кај баба ручек од неа сум правела букети...триста чуда,затоа ми е малце чудно ова отровно