Кога да ја пресадам орхидејата и ми кажаа посебна земја имало за пресадување и саксијата требало да биде проѕирна?
Некој случајно да не знае како да се фати лаванда? имам доле пред зградата цела грмушка одамна посадено само сакам да си скинам да ми расте и во стан дека има кучиња во маало и мочаат насекаде и луѓе фрлаат се и сешто.
Од најгорните гранчиња скини едно младо и стави го во вода со шеќер на топло и на светло, ќе си пушти коренчиња. Не многу шеќер, низ прсти. Потоа засади го во помала саксија само со хумус. Не му го менувај местото. На пролет ќе го пресадиш во поголема вазна и со мешана земја со хумус. Јас зафатив така од гранче, сега е цела грмушка
Не е баш средство ама јас вака знам да им ставам на моите цвеќиња и се расцветуваат скоро одма. Во 5 литри вода растворас пола коцкичка квасец и ги наводенуваш најнормално колку што си бараат. Имам и читано и као малце шеќер и сол да стваш во водата со која ги полеваш за да ги потхранело ама го немам испробано да ти потврдам.
Ај ве молам малку совети за божикното цвеќе, го обожавам. Прв пат го имам го добив вчера поклон па сакам да го зачувам. Вака го сместив во кујна на прозорец ама до него имам радијатор (централно греење), фаќа умерена светлина не е многу директна на оваа страна. Колку често да ставам вода, да правам прехрана со квасец? Добро е местото таму?
Многу тешко за чување. Јас би ти рекла да не му ставаш вода....еднаш во месецот. И обавезно покрај прозорец, бара многу светлина, и ако можеш премести го во ладно, не покрај радијатор.
Кажете некое цвеќе кое може да успее во темен ходник без природна светлина. На зима температурата е околу 10-12C.
Ова е кана , на есен компирчињата се вадат и се чуваат на ладно , а на пролет се садат во двор,саксија ,има и во жолта боја и во црвено-жолта ,многу е убаво до првиот мраз цветаат
Замија, имате во бриколаж моментално , не бара мн вода ,ни светлина исто и сансеверијата се прилагодува на условите