Исто и мене ми се љубов голема ,ама изгледа нема тука на форумот повеќе љубители ,ама не е проблем кој сака може и тука да споделува искуство @Fatalnata цикламата сака ладно место не во многу затоплена соба. Стави ја на светло место, но не директно на сонце. Најдобро на прозорец кој се наоѓа на северната или источната страна. Сака влага, па најдобро е да и ставаш вода двапати седмично и тоа само во подлошката. Вишокот вода тргни го или стави камчиња во подлошката. И покрај тоа што сака влага, не ги оросувај листовите бидејќи ќе добијат дамки. Додека цвета пожелно е да ја прихраниш Кога ќе почне да венее и ќе престане да цвета, стави ја на студено, откини и ги овенатите цветови заедно со дршката, и заливај ја само малку на секои десетина дена. Искрено мене не ми успеваат долго ми се сушат ,најверојатно не и ги погодувам условите, ама затоа од орхидеитеееее цело време имам некоја со цветна гранка
Фала ти на одговорот,изгледа поради топлината е,денес каминот ненормалоно го разгореа домашниве па дури 25 степени достигна Т во дневната, и одма свисна кутрата а колку беше убава. Ја префрлив одма штом видов во поладна соба,па се надевам ке се опорави.
Јас се пријавувам за орхидејата. Премногу ја обожавам, многу убаво и нежно цвеќе. Ама пустото ич немам среќа со неа. Две три купив, на една листови и овенаа, на друга цветот одма падна. Трик некој? Ми кажаа да ја чувам во проѕирна пластична вазна, вода еднаш неделно. Сменив и страни све џабе
Мене ми се лесни за одржување , кај мене стојат во близина на прозор ама не ги фаќа сонце затоа што ќе ги изгори, вода 7,10 дена ,1 месечно ги туширам, не ги пресадувам ,им правам дупчиња на постоечките саксии, од прихрана користам б комплекс (совет од групата на фб) понекогаш ,и толку , Ако ти овенале листовите жедна е ,а цветовите паѓаат бидејќи менуваат услови , пробај некој од овие работи мислам дека ќе ти бидат супер, и сликни ги кога ќе можеш
Се спремам за 8-ми Март па се мислам дали само цвеќе да подарам или цвеќе со уште некој подарок. Па ми треба совет/препорака од вас, какво цвеќе (подарок) се подарува на повозрасни, а каков на помлади?
Зависи за колку блиска личност подаруваш и колку пари за трошење имаш , влези во меркур или бриколаж на продавачките кажи им по кој повод и за кого е ќе те посоветуваат , инаку орхидеи и за возрасни и помлади е убав подарок , гледам букетите од 1000ден па нагоре со цени отишле , а саксиското цвеќе барем ќе остане подолго време,еве дел од тоа што им дадено како понуда во меркур https://www.facebook.com/189951351076416/posts/2508757142529147/ https://www.facebook.com/189951351076416/posts/2503610813043780/
@ALISA0000 @petunija77 @AngelOfArh Ајде помош Веќе 2-3 дена имам огромна орхидеа, со 4 стапчиња полни цвет. Еден цвет почна да овенува и ме плаши да не почнат и другите. Ја ставив на место каде што има светлина, тука и бамбусот ми стои и како улав си расте. Е сега дали нејзи и е малку светлина, дали и е топло многу не знам. Сакав на прозор да ја ставам, не пече сонце, на север е, ама па радијаторот е тука и мислам оти ќе се "свари". Кажете како и кога да ја полевам, каква прихрана да земам
Сите се блиски личности, поточно фамилија. Орхидеи им имам подарувано. Би сакал нешто подолготрајно. Лани земав за мајка ми од тие ружите во стаклено што се и се балсамирани. Оваа година нешто друго...
Можеш да земеш каланхое, во ова време и цветаат, ги има во разни бои, исто препорачувам и фикус, шаренолисна шефлера, отпорни се и добро трпат собни услови. И филадендронот е претставителен, секако ако имаат погодно катче за нив.
Имам две шефлери четири години, каланхоето ми има две години и ланско фикусче. Без гајле, траат со децении со добра нега.
Орхидеата е цела наука прво и основно коа купуваш орхидеа да гледаш да има 1.зелени корења ,2.да има помалце цвет повеке пупки(оти пупките допрва ке зветат ке имаш повеке време цвет) 3.да има повеке листови 5-6 доволно е во јака зелена боја 4, на постоечката саксија да направите многу дупки Секоа орхидеа коа ке ја купиш разцветана после некое време цветот паѓа Значи она цвета два пати годишно есен и пролет изузетак може ептен редко ако и е погодено ептен Од коа ке и падне цветот гранката се сече до првото здраво членче и се тура на пресеченото цимет се сече гранката да се разбериме Се наводнува 7-10 дена зависи од место темература сонце Како ке знаете кога и е време за наводнување ?Ке се орентирате по корењата кога ке станат сиви Како се наводнува? Во длабок сад тураш стоена вода значи чувана дома во шише во садот ја тураш орхидеата да постое 10-20 мин после ја вадиш ја тураш да се изцеде преку некоа ден убаво е да се прскаат само листовите( со такво од стакло амбалажот со прскалка полниш вода и така ги прскам јас) Жолти листови значи многу вода ,овенати листови значи жедна за вода Во цвет кога е не се прехранува ,коа ке падне цветот се тура специјална прихрана на две недели еднаш Коа ке падне цветот треба да се измазне хехе шо викам јас за да си биде спастрена за наредно цветање да се изваде од сустрактот ,сигурно внатре има сунѓерче коа мора да се фрле оти од него скапуваат држе влага,секој сив корен изсушен да се пресече , секое црно да се изчисте со хидроген и четка за заби најдобро ,на корењата се тура хидроген се додека пенат измегу да се сушат Супстрактот да се провере да ли има бубачки мравки било шо шо може да ја униште орхидеата Уф доста е толку ако некој има проблем нека слика да видиме па ке кажам како да се третира @Antolinaa
Ако на бамбусот му одговара местото и на орхидеата ќе и одговара, тие идат од иста област, тропски регии. Значи не и се сеќирај што почнало да венее цветче, ќе овенат и паднат сите, ама ќе излезат и нови. Гледај да ја негуваш, да ја чуваш и нема да имаш гајле. Еднаш неделно одреди си ден кога ќе ја полееш, чувај ја на место со светлина ама не директна, да нема промаја и да не ја удираш со нешто.
Не си досадна , ми се гледаат листовите ко да се изгорени од сонце ,,не го ставај да го пече сонце ,индиректна светлина , просторијата да е без греење сега, и види вода дали има , сака малку ама често залевање ,влажност сака ,
Од вчера е во поладна просторија,го ставив на северен прозорец,и го полеав .Се наедав ќе живне. Леле,колку ми е криво,не дека е скапо, туку поклон ми е и се вљубив колку беше убаво. Ајде за недела дена ќе пишам далу ќе го опоравам.
@petunija77 Ветив дека после една недела ќе ти пишам што направив со цикламата. Фала ти за советите,сите до еден ги применав и ја опраив цикламата за помалку од 3 дена,одма како новс стана,цветовите пркнаа и си цвета уште по раскошно. Пресреќна сум
Имам едно прашање за дамите кои се искусни во одгледување орхидеи. Добив за празников на поклон па така за прв пат ќе одгледувам и таков цвет,се надевам успешно. Купена е пред 2 дена и сега не знам каков треба да изгледа коренот кога цветот треба да го полевам. Дали моментално треба да ја полевам или да причекам 10тина дена?
Баш ме израдува дека се е во ред Вода ќе ставиш кога ќе станат сиви корењата т.е. кога ќе приметиш дека зелената бледее, и направи дупки на саксијата насекаде за да дишат корењата и нема потреба да ја пресадиш ако си расте без проблем, да не ја пече сонце , кај ќе и најдеш место и преку лето таму да си стои, надвор тој тип не се препорачува да се изнесува,ако имаш друго нешто пак пиши ,да те радува и оваа убавица , убав ден Едит ,вода се става од страна ,крошната од горе се внимава да не се натопи и да не остане вода во неа , можеш еднаш месечно кога ќе и дојде ред за полевање да ја тушираш
Го добив денес, ама врвовите се исушени. Дали да го пресадам и како да се опорави, да не се исуши целото?