Сукулент сансевериа , не ми изгледа супстратот баш ок,ако го пресадуваш само во еден бр поголема саксија од оваа, ретко вода, на сонце не ,само светлина да го фаќа
da ne znae nekoj kako se vikaat ovie cveka? prvoto i dolu bese zarasnato kako drvce ama mi se isusi a veke i pocna i vrvovite da se susat a vtoroto koga ko kupiv imase malecki rozevi cvetcinja ama se isusisa i tie. da ne znaete kako treba da se odrzuvaat
Девојки, била некоја скоро во Електрометал. Да не знаете дали има орхидеи во други бои, кога бев последен пат имаше само бели, сакам друга боја. Близу ми е во Карпош,ама ме нервира што излезот е позади и ретко влегувам.
Дајте предлог некое убаво цвеќенце за во светла канцеларија. Да не е кактус,алое и такви од фамилијата сукуленти. Пошто ги изживеав Азалеа имав подарено ама го умреа токму во канцеларија, па не знам дали да ризикувам да си земам и за мене. Што нега бараат тие души?
Дифенбахија, спатифилиум, фикус, адам, филадендрон.. Сите овие се убави и претставителни и ќе ти ја красат просторијата.
Може сте пишувале наназад но кој да бара сакам да земам сардели. Ме интересира која им е цената отприлика и како можам да ја пресдам (размножам)
Не ќе ме биде ако за секое цвеќе не барам совет од вас Ајде кој има искуство во чување на лаванда, толку и се радував а како да почна да овенува Ми стоеше на комодата каде што нема доволно светлина сега га преместив на прозорецот белким до тоа ќе е? Ја вадам еднаш неделно, дали е доволно? И треба да ја пресадам или рано е? Ве молам советувајте не сакам да ја уништам
Лавандата расте во природа ,така да не треба внатре да стои , мене ми изгледа жедна , во двор преку еден ден ја полевам ,наводенија убаво и извади ја надвор ,и пресадија во поголема саксија @marchi-cool сардели имаш на секој пазар од 30ден до 150(кралската)ден и во секој расадник,размножување со чепка скршена и директно во земја ,а може и во вода да се рти па кога ќе пушти корен тогаш да се сади
Не е рано за надвор нема да смрзни, или поднесуваат пониски температури? Ти благодараам ќе направам се што кажа
Помош ве молам, додека беше внатре беше супер сега кога се стопли времето го извадив надвор и вака овена што може да е? Треба ли редовно да се наводнува или помалку нешто повеќе некој ако знае околу одгледувањето да ми помогне?
@IAmPresident лавандата презимува надвор ,не внатре ,сака сонце @Summerlove@2016 претпоставувам сонце дека го фатило и ги изгорело листовите, стави го негде светлина да го фаќа а да не го пече сонце, стави му малку вода гледам сува е земјата ,еднаш неделно периодов му е доволна како се стоплува ќе следиш по земјата кога да ставиш вода @mal.ecka зависи дали цел ден има сонце, дали делумно или повеќе е сенка , имаш по расаднициве и пазарите голем избор , мене ми се допаѓа грчката петунија цело лето цвета , имаш бомбончиња што ги викаат,винки, каранфил што мириса итн се зависи каква ти е местоположбата
Помини ако можеш во булка- кај лептокарија или китка -пинтија ,или фоја-првомајска , зависи кое ти е поблиску , имаат прекрасен избор и ќе ти препорачаат според потребите