Да, има долу дупчиња и чекам да се исцеди водата да не останува долу плитко. Зелени се, темно зелени се листовоте а гранчињата не се суви, барем уште не.
Од по страните избуши дупчиња, за да циркулира возух низ корења, плус побрзо да се цеди водата. Не ги чепкај тогаш гранките. Кај мене на големата која имаше 4 гранки, 2 се исушија скрос, па ги пресеков доле, а две почнаа од горе да се сушат и под првото колено ( не ми текнува соодветен збор, се надевам ме разбра) ги скратив.
Го најдов вчера на пазар во Гјорче. Ја имаа само оваа боја. Имале и розева, но ја распродале. Другите бои се уште не им биле процветани, па затоа ке бидат во продажба покасно.
Каде можам да најдам вакво растение за поевтино? Не ми текнува како се вика на македонски, на англиски знам дека се вика spider plant
На сите пазари и расадници го има , @Fillia @eta бегонииве ги имате и на зелен пазар и на битпазар и по сите расадници
Има повеке видови на бегонии. Тие што ги има многу по пазарите се бегонии - бомбончиња. Има и собни бегонии со крупен цвет, на тие коренот им е луковица. Овие што јас ги сакам се висечки бегонии, искрено до сега немав ги стетнато а одамна ги барав. Можеби сега им почнува сезоната.
Исто и јас како @eta сум заинтересирана за висечки и големи грмушки од бегонии т.е мене за подарок ми се. Ќе побарам по рассадници фала ви во секој случај
цимет а корен не се тура цимет се турна на лист или цветна гранка коа ке ја пресечиш заради да не се инфицира земја хумус не само кори специјално за орхидеа не ја пресадувај сеа ке мирува па ке цвета
Некои од цвеќињата забележав дека имат како мушички и лепат цели а и не цветаат како порано Што да им ставам?
Луѓенца каде има расадници подобро снабдени ? Од скопје до прилеп таа релација евентуално и битола...сакам да купам за подарок ама повеќе (4,5,6) саксиски цвеќиња и незнам каде.
Девојки како се вика ова цвеќе и како се одгледува? Сенка ли сака,вода ли сака? Пушта лилави цветови.
Кај мене во двор го имам,од северна страна и тоа,нега само кога прскам во двор вода или природно од дожд.Тера гајле нема,сонце не го фака во тој дел.Името од што не ми е умот тука не ми текнува.Издржливо се покажа,а знае мразој и снег количински да има
Ич да не го мислиш,ова отпорно ко нас.Колку пати лисјата сум ги изретчила оти ми сметаат,тоа уште појке пушта.На -30 кога е живо еве веќе години-отпорно е
И јас ги имам у двор. Ама многу сонце ги пече. Не ми се убави баш, лисјата многу жолтеат,се сушат и паѓаат. А цветовите гајле немаат . Нека не ти биде многу на сонце
За Рефка ми беше постов Прочитав дека тебе ти се под сенка Јас не сум љубител многу на китки, така да не ми мења многу што се сушат