Можеш да го пресадиш, му ѕиркаат доле коренчињата. Само саксијата да не биде преголема, 1 до 2 броја поголема од сегашната. Немој да го делиш, многу ќе боледува а и поубаво изгледа кога е побујно. Сака влага, повремено оросување/туширање, и прихрана одвреме навреме. Убав избор
Ако стое врз аквариумот цветовите надоле да не почнат да одат? Да го ставам до него ке има влага од аквариумот, местово ми беше празно сега е комплетно исполнето
Чувам поголем број на кактуси веќе подолго време, па во зима немав место за сите да стојат на прозорец. Не е "нужно" да бидат поставени така, доволно е да е местото доволно светло за да не се искриват.
Орхидеи Имам дома 2. Полни со цвет. Сами го исфрлаат цветот? Или треба нешто ко кроење? Како ќе знам дека не се во период на цветање( кога ќе немаат цвет или има нешто посебно за нив -тој период на мирување? Сакам да ги пресадам.
Какви бои има од орхидеја на човек памет да му штукне, ептен убави, само што мене ич не ме бива за орхидеја, неколку веќе расипав.
Здраво девојки! Пред два дена добив на подарок прекрасна корпа-букет и меѓу другите цветови има и три орхидеи. Ги обожавам, но се плашам дека се премногу нежни. Ве молам посоветувајте ме што да правам и како да се грижам за нив за да траат што подолго.Ги добив прицврстени за влажен сунгер.
Цветовите од орхидеите се во посебни епруветки кога ги ставаат во такви аранжмани и во нив има вода. Една недела ќе траат, повеќе не може.
Кога падаат цветовите тогаш се во мирување кога ќе снема скроз ниту еден цвет, митување оз цветање е тогаш на секое наводнување ќе им ставаш ѓуброво во водата да ги потхрануваш, и ќе видиш дека ќе почнат да напреднуваат да растат нови лисја, цветни гранки и нови корења.
Ајде мала помош, пред неколку недели купив бамбус, но стеблото во горниот дел(од врвот) почна да пожолтува.... совети?!
Истото ми се случи и мене, од 3 што ги имам еден почна да жолтее ама од доле кон врвот. Па само горниот дел го пресеков и во вода го ставив за 1 недела си пушти коренчиња. Mу нема спас штом стеблото пожолтува.
Da ne znae nekoj kade moze da se najde perlit vo Skopje ili Kumanovo? Mi treba za presaduvanje na dzunglava so ja imam doma.
исто така да не има видено некој пеперомиа онаа ко лубеница што и е листот? бев во гринпланет но имаа некои други пеперомии и малце беа во критична состојба
Ако мислиш на некој ваков тип ,има секогаш во меркур и бриколож кога носат ,сега скоро имаше во бриколаж ЕДИТ имаш од тој тип и на зелен пазар,провери и во булка
Не е таа што ја барам. сепак фала можеби ќе земам таква оти слушнав дека растат во зима додека се друго спие