Можеш. Јас имав скршено 3-4 гранчиња. Во вода беа додека не пуштија коренчиња. И сега имам грмушка во двор.
Девојки, на цвеќево ( не е ни цвеќе, а незнам ни како се вика) почнаа листовите да му жолтеат. Зошто???
Многу вода. Или пак не му е во ред саксијата, да пробаш и со пресадување за да го спасиш. Ми личи дека е голема за него некако оваа саксија. Обично во многу мали саксиички се чува алое вера. Доволно е еднаш во 2нед вода за алоето. Еве каква би ти требало.
Незнам дали е Алое вера ,од Грција го зафатив,.таму како плевел растат од најмали па до цели дрвја како палма. Можно е да е вода во прашање. Често го прскам со пумпица. Несака вода изгледа.
Не е алое.Еден одмор и ние од Турција исшверцувавме вакво цвеќе- кактус.Му треба може поголема саксија и вода многу ретко.Оно е тропско и само сонце сака.Нашето цвеќе го видовме после 8 години не е повеќе од 40см пораснато.Исто е мала саксија.А оно сака простор.Требаше свекрвата да го посади во двор ама зимото може нема да преживее и затоа е во саксија.
Го шверцав и јас од Грција. Ми беше ставено во многу мала саксија.Откога го пресадив во оваа, пушти нови листови, ама изгледа неќе вода.И тоа баш буквално еднап во две недели сака прскање само. Фала на советите девојки. Тазе цвеќарка сум јас.
https://www.google.com/search?q=aga...Q_AUIFigB&cshid=1576488614909&biw=412&bih=718 Спомна од Грција, ми личи на агаве ,како на линкот ,тогаш надвор треба да ти биде моментално ,а до која трпи мислам -5 ,прочитај и види кои услови ги бара ,дефинитивно вода не сака во зимо ,многу ретко и само околу коренот
Да, тоа е. БравоС. Сега се ќе исчитам. Изгледа дома му е топло. Ама некако тргнав од некоја логика дека успева на медитеранска клима а тоа значи благо време и многу влага па затоа го одгледував на тој начин, ама еве не требало.
Ако гранките не почнат сами да жолтеат тогаш остави ги. Може од нив да пораснат нови цветни гранки. Ако почнат од горе да се сушат пресечи ги 1-2 коленца под жолтото и на пресекот стави малку цимет.
На божиќното цвеќе почнаа да му паѓаат ливчиња го имам од ноември... кога сите ќе му паднат да го пресадам и потсечам гранчињата или ? Обично накај март пишува пресадување но првпат чувам и сакам да пробам да видам ќе успее ли пак
Тоа е многу специфично за чување ,треба да му го погодиш местото , ако му паѓаат листовите нешто не му одговара
Почна нови пупки да пушта изгледа го погодивме нестото но нз дали да чекам до пролет за пресадување или порано да го пресадам
Штом пуштило пупки не се пресадува сега,ќе почекаш да прецвета, ама ако убаво е насадено во убав супстрат немаш потреба од пресадување