Здраво дали може да ми кажете од што вака се прават листовите на дрво на животот пред месец дена го купив и еве некоја ден по едно ливче има вака паднато
Ништо и нее покрај прозор сака промена во тт ден о ноќ така да ќе и годи. Мојте од парното се испорасипаа или па нешто ги нападна последноте две шѕо ги купив да ти биле дкапани уште во продавница ама нели испопрекриени со декор саксии и неможеш да видиш жива се испоизедов.
Може некој да ми каже што цвеќе е ова??? и за овие дали ќе се размножат сами или ќе треба да си купам уште мала им е саксијата или?
Првово е јаглика. И не е захтевно. За на тераса во саксии мене ми се убави. Второво се љубичици колку што ми се гледа. Искрено не знам како се однесуваат во саксија, зашто кај мајка ми се постојано во двор. Си се размножуваат од семето што си пука и паѓа само околу нив.
Љубичиците по две во саксија на тераса надвор, примулата ако ти е хибридна може ќе ти се исуши ,мене во двор ми се насадени си сакаат простор ,сами си се размножуваат ама само во пролет цветаат колку што се сеќавам
Леле многу е убава. Бугенвилија. Од Црна гора цело коренче донесов, го пазев како што ми кажа тетката ма не ми преживеа. Лилава боја имаше. И ова твоево е многу убаво.
@TutiFuti https://en.wikipedia.org/wiki/Bougainvillea Прекрасна бугенвелија, покрај море ја има @Antolinaa не трпи минусни температури , зимно време внатре се чува , цело лето цвета прекрасно е
Леле ко дежурна на темава да сум се осеќам @petunija77 знам, преку лето цело време беше надвор, погодено му брше местото си цветаше супер беше, зимата внатре беше и дали месец дена издржа и толку. Овде не сум видела за да купам. Ако види некој некаде порфавор известете ме.
@Antolinaa подобро некој да одговори ,отколку никој , позитивно е во секој случај Инаку јас од драчево пазарот ја купив 250 ден пред неколку години , ја имаш по пазарите ,фоја ,бриколаж ,меркур и мислам дека не ти се исушила затоа што така изгледа кога ќе и паднат сите листови, на врвот ако скршиш гранче е суво , ама подолу не, мојата сега изгледа како да е исушена ,како ќе се стоплува така си почнува сама да си пушта ливчиња , ја изнесувам кога нема да има минусни тт. Убаво е да си споделуваме совети ,барем мене ми е од корист да размениме искуство
@petunija77 ајде помош. Земав dendrobium nobile и според мене е во жална состојба. Премногу слабо ми изгледа стеблото некако. Ја купив многу жал ми беше да остане таму. Цвета имаше еден куп пупки кога ја зедов и горниот дел и овој долу. Има 2 недели како е кај мене и вчера приметив дека потерува нешто ново и му се радувам ептен, ама во супстратот приметив ситни бубачиња. Да земам пипс да испрскам, да пресадувам што мислиш? И тоа стебленцето со едно цветче е пола зелено пола жолто. Плуд некако многу ситен и растресит ми е овој сусптрат. Немам појма што да и правам прва орхидеа од овој вид ми е. Другите дендробиуми супер ми се, и фаленопсис исто.
Ако не ги отстраниш ,знаеш дека постои шанса и другите да ти ги фати ,пробај околу да не го допира воопшто да не го исуши , се мислам дека имало многу вода кога си го зела па можеби затоа фатило буби... одвој го од другите да не ги прифати и нив, види за ден два како ќе биде ,ако видиш дека не напредува пресади го најубаво за да не се мачи , друго за обични цвеќиња сум ставала чкорчиња со црвеното во земја за да не ги прскам , овде не ми е изводливо ,евентуално околу него да пробаш Дали му направи дупчиња во саксијата?
@petunija77 Има дупчиња само не сум ги фатила на сликава. Отидов земав пипс и нашприцав малку. Ќе видам дали ќе изумрат. И влегов патем во Електрометал по едно, ама излегов со 2 орхидеи на 50% попуст. Едната додека се мислев дали да ја земам или не, ми ја зеде една и ми идеше да си гризнам од гзов и по некое време гледам ја враќа назад и отидов со брзина на светлината и неа си ја прибрав. Еве ме сега дупчиња ќе правам.
Не ми изгледа за скапана. Овие што се кафениве коренчиња се суви, тие внатре се нормални ( ја размонтирав полека за да видам дали има сунѓер внатре уште кога ја зедов). Ќе видам како ќе биде со бубачињата деновиве. Плус ова новово ако си расте супер, нема да ја чепкам. Ако не ќе ја пресадам. Никогаш бубачиња немале овие другиве. Затоа испаничив за оваа не знаев дали да пипсам. А да прашам, имаме тема за слики да ставаме од цвеќињата?
Ситни бели/стаклести ептен минијатурни се. И пребрзи се. Волнести имав пред пола година на една, не се такви.