Ау, да не има како роса? Штитести вошки изгледа се. Мислам дека си ги фатила на почеток на развивање. Спојлер Лесно се шират, најчесто нема ни да дознаеме како сме ги донеле. Може и со купени плодови од продавница. Но, откако ќе дојдат кај нас и ако се размножат, борбата мора да биде во континуитет, дека секогаш повторно ќе се појавуваат. Топлината им одговара за попородуктивно размножување, но не им пречи ни ладно. Затоа, ако се решиме на прскање, тоа треба да се повтори неколку пати, за да се опфатат сите стадиуми на раст и развој на инсектот. Ако е можно, добро е додека се во состојба на кожурец да се испрска со бело масло, тоа прави штит врз бубачето и не му дава да дише. Подоцна, кога ќе бидат во подвижната фаза треба да се користи инсектицид (најдобро да ви препорачаат во аптека). Сепак, побарајте бело масло и потребен е раствор од 2% (на еден литар вода, се додава 20 милилитри од препаратот). Сепак, прво проверете на една две растенија, дека овие масла може да бидат фитотоскични, што значи отровни за растението. Секако, се прска 2-3 пати, во растојание од една недла, за да можеме да имаме резултат. Може и друг инсектицид да користите, што ќе ви го препорачаат како добар за штитести вошки. Но, за да биде поефикасно, ако е можно ставете кеса врз охидејата, испрскајте и прицврстете со ластиче на саксијата. Нека стои така неколку денови. Доколку можете, ако немате премногу растенија по дома, истуширајте го заразеното, пробајте рачно една по една да ги отстраните и да го промените супстратот.
Кога ги дозна, барем сега ќе знаеш што се па да ги третираш. Се надевам нема да умре цвеќето Еј, кога веќе збориме, имаш ли искуство со кеики? Имаш ли засадувано ново кеики некогаш?
@x.Daisy.x Не. Страв ми е да не утнам нешто. Иако од едниот дендрубиум имам 3-4 големки, од другиот 2 мали дали по 3-4цм се високи. Ама убава ми е вака саксијата богата наиџана. Фаленопсисот досега не ме израдувал со кеики. Ти?
Имам фаленопсис со 2 кеики ама ми е страв да ги исечам и да ги пресадам. Плус гранката сега пушти и пупки да цвета, па ми е жал да ја скратам. Ќе видам понатаму како ќе се одвиваат работите ама мислам дека ќе морам да ги скратам и пресадам. Работи ли уште таа цвеќарата кај Зоо? Имаат ли фб страна да ги заследам
Имаат коренчиња пуштено бебињата? Што убаво. Сакам и моиве да ме израдуваат барем со едно бебе. Цвеќарата работи. Редовна сум им таму. https://www.facebook.com/greenplanetsk/
@x.Daisy.x Супер. Сподели тука кога ќе се одлучиш да ги одделиш и како ќе напредуваат. Е а сега ми текна си пробала некогаш над/во вода да ги чуваш? На фејсбук има една група орхидеи во водена култура. Таму доста ги чуваат така со коренчињата во вода.
Не, ама знам дека ги чуваат и така. А исто можеш да ја ставиш и саксијата врз камчиња потопени со вода и да им испарува вода.
Пробано ми е со камчиња, ама беља ќе направев, бубачиња се направија што леткаат и се вратив на класичното чување.
Здраво женски. Предложете ми некое растение за ваква мала ограда што расте брзо, може и цветови да има
Моментално во љубов сум со нејзе, ја зедов од маркет исушена целата не и го знаев цветот и сега ми е љубов.
Овие од што настануват? Ја имам приметено лај моиве пред некое време и сега ми се дел на спасувања со по некое коренче , мислам дека се изедоа корењата овие бубачки сите ги пресадим тогаш и само две ми се во земјена култура . Имам прашање и за оваа орхидеја прва ми е немам искуство со нив, за корењата како и растат видов дека и де кафени не знам дали се во ред или не бидејќи ми е во обичен сад темен . Гледам има плус како ново расте можно е уште некој цвет да никне или? Спојлер: цвеќе