Изгледа од влага. Удавена беше кога ја зедов. Џабе ја прскав со спрејот. Пак има прееска проверив. Страв ми е да ја пресадам, зашто уште има цветови плус ново тера. Да не ја разболам ми е. А и некако многу ситен ми изгледа супстратов. Овој што го имам е покрупен. Па и коренчињава дека ситни немам појма кое е здраво право кое е болно. На Фаленопсисот барем знам.
Отиди од лидл и земи си супстрат од таму Или побарај кај нас и одбери ги само едрите кори Извади ја орхидеата измиј ја со вода изтапкај со крпа да се изсуше напрскај хидроген 3 посто нека се изсуше и засаду ја во нов супстракт Вака со бубите гарант ти умира Од коа ке ја пресадиш вадење никако бар 1 недела
Ако најдеш поефтино пиши ,во бриколаж се 800/900ден @IAmPresident види со клематис или пацифлора ,имаат прекрасни цветови
Зедов алое . Е сега таа во цвеќарата ми рече медицинска била.... Тука пишува друго . Дали можам да ја користам за нешто пример ?
Ова на последната слика е бенџамин така ? Јас имам 3 засадено и супер се, но гледам дека криват малку накај светлината од прозорецот.. Сменав и ги вртев демек да се исправат али исто е. Ставив и потпора .. Нешто совет ?
@ALISA0000 се разбрав, само едрите не сфатив на што мислиш. На цврсти / јаки делчиња од супстратот или..? Зашто сите дендрубиуми ми се во поситен супстрат од фаленопсисот. Така ми се купени, така и си тераат до сега. @TutiFuti зелен чај им ставам водата кога ги потопувам, ама прелу 1 недела. 1 кесиче чај во филџан за кафе го оставам 7-8 мин. Вода ставам од шише. (нели не сакаат директно чешмовача, па си полнам во онакво од 6л балон и со него операција потопување правам) И после во садот во кој ги потопувам само чајот го турам, водата и толку. Ама објаснив. После ќе сликнам колку имаат пркнато. Мислам дека оваа што ја зборам погоре од чајот се врати во живот.
Дечки помош Цвеќенцево го добив на поклон. Незнам како се вика, незнам што сака и како се одгледува. Садено е во малечко црепче од мека пластика. Да го пресадам?
Бегонија мислам дека е. Не брзај со пресадување, нека се адаптира прво на условите, па после еден месец-два пресадувај во цреп за број поголем. Колку што се сеќавам немаат некој голем коренов систем затоа.
@referentka https://www.google.com/search?gs_ss...msung-gj-rev1&sourceid=chrome-mobile&ie=UTF-8 Има многу подвидови каланхое ,спаѓа во редот на сукуленти , цвета долго време
Ова е каланхоа, не е захтевно, можеш да го пресадиш во еден број поголема саксија со дупки долу. Вода еднаш неделно по малку и проверувај ја земјата ако е влажна почекај не ставај вода. Стави го на светло место ама не директно на сонце. Цвета од зима до пролет, после има период на мирување неколку месеци
Кај има да се купат кактуси украсни во стаклена кугла со кварцен песок, а да не е онлајн? Пример како на сликата.
Гелот во алоето е многу корисно за изгореници, општо за кожата. Помага и за дигестија ама малце ми е ризично така да фатиш да си го лапнеш хаха
Здраво.. ќе можете ли да ми предложите цвеќара во Скопје (по можност лесно да се наоѓа хахаха).. сакам да купам мало цвеќенце што не бара да е на светлина.. за на работна.. Фала ви