сакам цвеќиња ама не знам многу околу нивно одгледување. Вчера добив каранфилчиња. Цркна за такви најубави ми се. Ама ги ставив до телевизор а во близина ми е климата. Па сакав да прашам во какви услови се чуваат. Топло ладно посветло потемно... Внатре надвор...
Ова е каланхое. Сака светло, само не директно да го фаќа. Не сака многу вода, исто како сукулентите.И гледај доле во садчето да не останува вода. Летно време можеш на тераса да ја чуваш ама пак не директно да ја фаќа сонце. Сега чувај ја на собна температура. Не сака ладно.
Ги засадив осмомартовските цвеќиња Каланхое исто така добив и го пресадив во поголема саксија. А овие сама си ги купив уште пред празникот да проверам дали ќе ми успеваат да растат и цветаат. Досега се добри и ми рекоа дека се примули, ама ако некој точно знае што се нака ми пише. Да се потстопли и да се стабилизира состојбава кај нас планирам да посадам повеќе вакви цвеќиња, многу убаво мирисаат.
@ALISA0000 @petunija77 Морав да споделам. Таа што ја пресадував еве ја, ме награди. После скоро месец дена од претходната слика што ја прикачив. A што зборував за кеики дека немам. Еве го. Точно 1 месец поминато од една до друга слика. Претпоставувам дека се работи за кеики, зашто ниту едно нема корења на врвот, само нови ливчиња се. Ова на првава орхидеа ко кеики би се рачунало или ...? На фаленопсис знам конкретно кое е кеики, на дендрубиумиве еден куп имам подникци од доле, кој ги знае што се Битно растат.
На првата слика си пуштило ново стебло ,кеики е на 2рата,почекај корен убаво да пушти па пресади ,кај мене на минито ми пуштило па ко дете се радувам , баш ме израдува нека те радува
Сакам да прашам дали има некои цвеќиња сега за во двор или сеуште рано е? Некоја цвеќара низ БТ по можност
Здраво девојки, отворив акаунт само поради темава, меѓутоа има и други интересни дискусии, па мислам дека ќе се дружиме Би сакала да прашам за моето цвеќенце, кое си го купив за 8ми март, не знам какво е, и немам искуство со цвеќиња ♀️ Го пресадив пред некој ден, му ставам вода на 2-3 денови, меѓутоа некако ми умира Ве молам кој би можел да ми даде совет што да направам, навистина ми е премногу жал. Убава вечер, и останете дома
Мајка ми има винка цвеќе, ама цело е исушено. Пробала да бара онлајн, но ништо не успеало. Дали некоја може да ми помогни како да го спасиме цвеќенцето?
Незнам дали има соодветна тема за прашањето. Каде во Скопје може да се најдат зимзелени садници за во двор и која цена се... Еве слика какви барам, може и помали...
Купив од електрометал семе од кактус... И сега како да го засадам и во кој период од годината се сади воопшто?
Имаше карши Александар Палас, во Визбегово исто има расадник, во "Булка" позади Никола Карев да видиш, сешто можеше да се најде и таму.
За 8ми Март добив поклон саксиско цвеќе, кога го полевав со вода видов црни мушички како излегуваат од земјата дали некој знае како да се ослободам од мушичките? Веќе еднаш го пресадив под претпоставка дека земјата не е добра, но еве денеска повторно гледам има..
Знае ли некој што цвеќе е ова? Си го имав кај моите кога живеев, го оставив после и се исушило и брат ми го фрлил, а тоа такво си беше цветаше само налето, преку годината знаеше и скроз да овене и покрај соодветна нега, цветаше исклучиво после многу дожд, и цветовите траеа само 2-3 дена. Многу беше убаво и многу чудно, после дожд веднаш никнуваа цветовите скроз од коренот, не беа на гранки. Сакаѓ да си купам пак, ако знае некој, ве молам име.