Здраво девојки, насадив сурфинии за прв пат оваа година. Знам дека се тешки за одгледување. Во аптека ми рекоа да ги прскам еднаш месечно со актара против вошки и еднаш неделно прихрана. Полевање со отстоена вода. Некој совет плус од поискусна членка што одгледувала петунии. Поздрав. Во прилог една слика
Отприлика ти кажале се` што треба. И секако редовно откинувај ги прецветаните исушени цветови, за да потераат нови. Супер изгледаат. И јас си зедов едни шарени, лани имав розеви,ќе ги сликам .
Здраво не би знаела да ти кажам зошто така ти се случило со листовите но може слободно да ги исечете врвовите до каде што се исушени..
Еве, на првата ми е ланското, на втората слика годинешново. По некој месец ќе биде пораскошно, па ќе повториме пак фотки.
Овие ми се нови. Сакам да купам плава хортензија и ме интересира каква е таа течност што ја прави почвата кисела за да се заджи бојата и да не се смени во розева?
Здраво на сите .. ве молам искуства за драцена? Начин на одгледување,во каква земја да ја пресадам? Дали сака директно сонце..? И каква прихрана и треба? Благодарам однапред на сите.
Вода еднаш неделно, проверувај ја земјата кога ќе е сува одозгоре. Сака светлина ама не директно сонце, идеално наспроти прозорецот. Мојата е сеуште во земјата што ја купив година ипол маки нема. Ако не ти е неопходно пресадување остави ја во истата. Ја прихранувам само со квасец еднаш месечно
Еве нешто што најдов: Негувањето на ова растение е многу едноставно. Најдобро е да го сместите во светла просторија, подалеку од директно сонце, но избегнувајте ходници или скалишни простори кои се студени и може да имаат провев. Идеална температура е околу 17-27°C. Во текот на зимата може да биде и малку пониска, но не под 15°C бидејќи студот му пречи на растението и тоа може да угине. Во зима треба и да престанете со прихранување. Во лето залевајте го на секои 3-4 дена, а во зима поретко но земјата одржувајте ја влажна и не дозволувајте да се исуши. Ако е во просторија каде има централно греење и воздухот е сув оросувајте го редовно. Повремено избришете ги листовите со влажна крпа.
Девојки каде можам да најдам супстрат за кактуси во Кавадарци? Или онлајн од некаде ако имате видено да порачам?
Jas imam isto sto ti kazale pravam i jas i mi se preubavi malku e maka... I da gi otstranuvas sekoj dnevno suvite cvetcinja Treba vnimanie... Definitivno Mojte se preubavi stanati ke ti slikam utre