Ве молам за совет ако некој знае Зошто сурфинијата почна вака во коренот како да се суши и лисјата и се овенати а не е за вода? Како да ја спасам? И божиќното цвеќе некаде читам дека требало да се пресади да му се сечат гранките некој викат да не се чепка па незнам што да му правам и дали може да ми остане за догодина? Дали да го пресадам, не е тој цреп што е на сликата внатре е во друг тој што си го купив Од Октомври ми е цвекето
Отвори ја во коренот и провери дали има сунгер внатре ако има извади го пресади ја во нова земја и не ја зачевај 3-4 дена. Потоа зовриј вода и стави 1/4 квасец остави во шише еден ден, наредниот ден залеј ја со тоа. Мали се шансите да ја спасиш ова е од многу вода затруен и е коренот
Скоро ја земав минатата недела по мн малку вода и ставав така ми рекоа уште наредниот ден кога ја земав почна ваква да станува Ке пробам па ке видам дали ке успеам да ја спасам
За сурфинијата... ми изгледа нападната од нешто: можеби вошки, бактерија, габично заболување. Однеси гранче со исушените листови во земјоделска аптека, веројатно ќе знаат да ти кажат од што страда.Препарати имаат за сите болести, ќе прскаш, ќе налеваш и има шанси да ја спасиш. Можно е да е габично, обично кога времето е влажно и без сонце и провев се јавува кај одредени цвеќиња. Исто, и земјата треба да е поквалитетна, никогаш да не се остава во истата земја во која е купено цвеќето, таа е преполна со хемија која ги држи да бидат убави само краткотрајно, т.е. дури да се продадат.
На петунијата земјата и е одвоена од саксијата(барем мене така ми се гледа)тоа значи вода нема ...мораш редовно вода да и ставаш и прихрана ,плус прскање за вошки (во секоја земјоделска имаш или цвеќара) многу се кревки .. За вторава слика ...требало да ја пресадиш до сега , пробај пресади ја и прихрана ставај ....мене не ми успеваат иако се по прописи ги чувам ...може и не сум баш за совет да давам ,ама пробај како ти мислиш
Ми рекоа да не ја пресадувам сурфинијата Значи може да ја пресадам Само во хумус е цвеќето И ставам прихрана, ја залевам со вода секој ден но по многу малку бидејки така ми рекоа
Мене истото ми се случи пред еден месец, а ми седеше директно покрај голем прозор и врата од балкон и чест провев. Ја тргнав подалеку, ама сепак на светлина, намалив со водата (наместо 2 пати, еднаш неделно), а листовите ги исеков, но само исушениот дел и сега е супер
За саксиско цвеќе важи она:не секој ден по малку, туку еднаш на неколку дена или еднаш неделно убаво ќе го навадиш. И тоа кога ќе се засуши површинскиот слој на земјата, тоа ќе ти биде показател кога треба. Вака само ќе го мачиш. Пробај и направи споредба.
Никако да ги спасам! Ги тргнав од сонце, на 3 дена ставам вода навечер и не бива. Им ги скинав пожолтените листови вчера, не знам дали ќе потераат Сликава е од пред една недела сега ниту едно цветче немаат, ниту една саксија Како да ги спасам?
Многу ти се густо насадени ,,во последната слика извади ги тие со светла зелена боја и во друга саксија пресади ги ,обично по 2 корена во една саксија долгнавеста @Chanell* пробај пресади ги во поголема саксија со убава земја , не ми се гледа убаво ,сукуленти ли се(ако се не сакаат жногу вода)? Од тука ти се купени?многу се убави се надевам ќе ги сочуваш
Леле не можам да се сетам на името никако, ако ми текне ќе пишам. Не сакаат многу вода, ама колку често да ставам ? Ми беа на тераса па ги преместив на прозор, неќеле многу сонце. Од тука да, од Струмица ги земав. Преубави беа, многу ми е криво што се вакви-никакви. Кои цвеќиња сакаат многу сонце? Кои се најприкладни за тераса?
Сукулентите не сакаат многу вода, еднаш неделно , искрено не сум сигурна кој вид е ,ај ќе побарам,ако најдам ќе ти пратам
https://crushingplants.info/2080-levia-is-a-rival-to-magnolias.html @Chanell* прекрасно цвеќе си одбрала ,обично кога жолтеат листовите е од многу вода