Дома имам Јука веќе пола година. Пред неколку дена забележав како листовите и се сушат. Јас исушените ливчиња ги кинам. Дали е тоа добро? Дали би знаеле што да превземам за да не ми се суши цвеќенцето.
Цвеќиња Ги сакам цвеќињата,но најмногу ги сакам орхидеите и тие што убаво мирисаат и имаат впечатливи бои.
Сите ми се убави,ама лалињата и кокичињата највеќе. Лалиња имам премногу позади куќава насадено (добро де не ја,баба ми ) и директно од прозорот во нив си гледам..
Имам една бавча и во неа имам мнооогу цвеќиња, а и внатре имам некои зелени кои стојат таму преку зима, а лето надвор ги носиме.
Има со различни цени, зависи од големината и од видот на цвеќето. Почнуваат од 100-150 ден. за најмалите и пообични цвеќиња, па нагоре, отприлика до кај 500-600 ден. Можеш да земеш љубичица, циклама, гербер, бегонија, има едни мали ружи во саксија. Овие што ти ги наброив ги имаме дома, затоа и ти ги препорачувам .
Мајка ми и баба ми се најголемите фанатици по цвеќе, без разлика дали станува збор за оние собните - битно цвеќе да е. Имаме голем двор и преполн е со цвеќиња - периодов актуелни ни се лалињата, почнаа да подаваат главчиња. Прекрасно изгледа дворот кога ќе расцутат - црвени, бели, шарени некои бело со розе, вино боја ... опасна е баба ми. Имаме насадено и гладиоли, прекрасни бели кринови од кои целата соба мириса преубаво кога правиме букети од нив и некои поситни и за мене тотално непознати сорти. По балконите имаме сардели - олдскул. Неретко знам да се нашалам дека балкон без неколку саксии сардели всушност и не е балкон. Собните најмногу ми одат на нерви, а мајка ми се однесува со нив небаре деца се. Мислам дека пишав некаде низ темиве оти секогаш кога влегувам во дневна се чувствувам како да влегувам во џунгла. И си реков - некој ден, во мојата куќа собно цвеќе - nevermore.
Ве молам ако може некој да ме посоветува. Пред извесно време купив Орхидеа (Dendrobium nobile) во мала пластична саксија. Барав на интернет какви услови на чување бара, ама секаде различно пишува. Ако знае некој да ми каже колку често бара наводнување, на каква подлога расте, во каква саксија, т.е. како се одгледува во нашите климатски услови. Би благодарам! Поздрав!
Дали може некој да ми помогне ми треба името на цвеќето што го викаат по нашки срекичка!!? Има зелено со бели тенки ливчиња и личи на трева.