Како да ги одржам цвеќињата во живот ако не сум две недели дома? Единствени кои бараат повеке вода ми се бегониите. Ке ги внесам внатре да не им е толку топло..друго нешто? Би можеле ли да издржат две недели?
Наутро и навечер ги наводнувам со стоена вода и еднаш до два пати неделно и ставам прихрана, ги вадам исушените цветчиња и постојано си цвета.
Имам читано дека можеш да ги ставиш во када со малку вода и да стојат така. Ма да мислам не би било проблем 2 недели, не предолг период.
Стои надвор на тераса во полусенка, не сака сонце. Ја полевам со вода еднаш во четири дена, а еднаш неделно почнав да ставам и ѓубре. Едната скроз ми се исуши, останале само две-три ливчиња од неа Мислам треба да ги пресадам, мало место им е. Да бе прашам за петуниите, од што венеат? Моите стојат во оние пластични саксии што висат, откако се купени стојат на тераса закачени. Две од нив натежнале многу, виснати се надолу и како да венеат. Во какви саксии да се пресадат, ако воопшто се пресадуваат? Многу се жални.
Пресади ги петуниите, ако се уште во купечките саксии, само корен со минимум земја има во нив. Купи убава растресита земја за нив и поголеми саксии и ќе се освежат. Иначе, бараат многу тинтрење, прихрана, прскања против вошки и сл.
Не се потребни некои посебни услови за ова цвеке. Ова е сезонско цвеке, ми стои на тераса, го наводнувам зависно од времето. Кога не е многу топло еднаш на три дена, сега кога се повисоки температурите секој ден. Може да се стави и прихрана еднаш неделно, јас му ставам течно гјубриво.
Јас ја користам оваа: Ја зедов од Електрометал, помалку од 100 денари беше а трае доста долго бидејќи се раствора само по едно капаче. Еднаш неделно му турам од прихраната.
За орхидеи каква прихрана користите? Кој период се става, колку често? Дали кога стагнира или додека цвета?