Сликиве ги презедов од друг форум. Неверојатна мимикрија кај одредени видови цвеќиња! Ова е чудесен, чудесен свет
Девојки сакам да си земам Гарденија. Читав дека е проблематична за гледање, да не ги лупнам парите за џабе. Има некој одгледувано?
Кај го чувате Чувар Куќа? Дали ќе успее на тераса на север/исток? Викаат бара сонце цело време, а такво место дома немам.
Moeto chuvar kuke e na mesana senka, and NE saka mnogu voda na dve nedeli po malku I ne go premestuvaj mnogu.
@orevokrsacka на тераса ја извадив претходната недела, на југ сме па ја вратив ко почнаа да паѓаат. Ќе и ставам вода одма. Има нагоре многу нови, ама ептен ми се направи без форма веќе, а не знам како да ја средам.
Значи жедна била, ништо страшно. Ако можеш да и најдеш убаво ќоше на балкон, подзаскриена од целодневно сонце би било идеално. А можеш комотно да ја скратиш до каде сакаш, да не ти биде многу во стебло. Ќе си пушти нови ливчиња и ќе добиеш покомпактна форма.
Мојот нов Анти, омилен Ако има некој искуство со него ве молам за совет како да го сочувам ваков убав и цветен. Какво место му одговара, каква прехрана? Благодарам
Чаре за голи полжави? Со дм една вечер станавме да ги собираме и плус ја најдовме дупката од каде што доаѓаат, ја пополнивме со земја и пак се вратија. Жал ми е, ми ги изедоа семињата на зеленчукот што го посадив и листовите на цвеќињата ги таманат секоја вечер. Има ли решение без хемии и отрови?
Обичен пепел од изгорени дрва. Ова не сум го пробала, ама викаат не припарувале полжави после. Стави околу зеленчукот и саксиите, и истури и во дупката кај што се собираат. И повторувај кога ќе се одмие од дожд или слично.
На мојата орхидеа од кога и паднаа цветовите, абер нема пак да цвета нема ни пупки. Како стап е, а поминаа 4-5 месеци. Како се одржува? Ставав вода еднаш неделно.
Некогаш и треба и по цела година одмор од цветање. Ставај прехрана за орхидеи еднаш месечно. И јас моите ги чекам веќе 4 месеци
https://www.google.com/search?q=dam...EVDbEQ_AUoAXoECAsQAQ&biw=412&bih=718&dpr=1.75 @Bubce38 не можам баш убаво да видам , ми личи на дама кавалер , види дали е како на сликиве , ако не е , значи е бегонија ...шарена сенка да не го пече цел ден сонце ,вода по потреба штом му се исуши земјата , прихрана и прскање против вошки посебно петунијата Многу се убави киткиве нека те радуваат