Па мислам дека секаде успева, јас го ставив едни коренче само во вода зошто немав саксија некое време и порасна огромно. Мене ми кажаа само да не му ставам вода многу често, па сега не сфаќам
Имало некое средство против вошки, прашај во цвеќара или на пазар. Мене баш ми ги фари вошки и тоа откако беа многу расцветани ама ми кажаа да не се разочарувам често се случувало тоа на петунии
Ама кажете име, што да барам. Во аптека даваат тоа што имаат, џабе прскам нема фајде. Само да продадат.
Побарај Актара. Петуниите се прскаат и двапати месечно превентивно за да не фатат вошки. Откако почнав да го применувам ова петуниите ми се сите на број и здрави. До лани редовно ми угинуваа.
Ова цвеќе како се вика? Порано цветаше, ама се исушија тие цвветови сега внатре има пупки пак ко за нови цветови, ама некако многу е променливо де си е убаво зелено де ко подзасушени листовите. Внимавам колку му ставам вода и не го фаќа сонце.
Ве молам за совет. Бегонијава ја зедов пред неколку недели,постапи како што ни кажаа во цвеќарата и сепак венее