Зошто не ми цвета хортензијата? Имам и Бугенвилија ама цветовите се уште не им се отворени и некои паднаа. Причина за ова што може да е? На се нон стоп на сонце, само претпладне.
Видов зелена вошка во една од петуниите Прскани ми се против вошки еднаш до сега. Сега пак ги испрскав и само од таа едната испопаѓаа зелени вошки. Дали да ја тргнам на страна таа да не ми ги зарази и другите или веќе заразени се? Штета, онака баш бујни и убави стојат. Има ли шанса да се спасат или ќе ги уништат вошките скроз? Еве ги на слика со се вошките.
Девојки, колку често ги прскате петуниите против вошки? Секој ден би ги прскала само да не ги уништи вошка, но ми е страв да ме ги уништи инсектицидот.
Кога ќе видам петунии по 1 метар израснати ме фаќа нервоза. Јас на моите уште што не им баам и пак за нула време стануваат никакви. Секој ден ги полевам со малку стоена вода, еднаш неделно прихрана, прскам против вошки, стојам на раце и пак и пак ништо. Поставени ми се на источна страна. Што е тајната за метарски петунии? Се надоврзав на твојов пост Боа зошто се преубави и мислам дека “заразената“ треба да ја преместиш.
Јас најискрено да ти кажам прва година купувам цвеќе и немам многу искуство Сега ради карантинов им се посветив, ставам отстојана вода, наутро и навечер по малку, не дозволувам да ми истече од саксијата доле. Ставав еднаш еден раствор течно ѓубриво Оптимум во зелено шише е. Еднаш прашок Бест растворив и ставив. И онака све што ќе прочитам од нет Квасец и шеќер во водата, лупка од банана одстојана во вода, талог од кафе Вака сега кога читам многу изгледа сум ставала Ја мислам како ќе ти се погодат е работава и како ќе им се погоди местото.
Тие долгите,метарски се викаат сурфинија. Наредно кога ќе купуваш петунии барај од сортата на сурфинии. Исто сакаат нега доста како обичните, ама прекрасни се на изглед. Поназад мислам дека има членка објавено како се одгледуваат.
Дали мојава е сурфинија? Да не ја форсирам многу ако не е И уште едно прашање - дали неопетеоид течен е ок да се прска против вошки?
Цвеќево на мајка ми, калатеа или како беше..како се одгледува? Вака две години си стои ни расте ни се суши
Да бидам искрена, ич не знам да направам разлика. Разликата ја гледам кога ќе порасне во должина,а тогаш е веќе очигледно Цвеќето изгледа здраво, само практикувај да ги отстрануваш прецветаните цветчиња. Со неопетроид немам искуство, досега имам пробано Актара и едно средство против пламеница и пепелница .
Има и питунии долги што паѓаат, јас имам такви. Разликата е што питунијата има помалку цветови и поголеми, а сурфинијата повеќе и помали цветови. Големите на растението може да е иста, има обична сорта од двете што растат нормално во висина и ширина, а има и паѓачка сорта што растат поголеми и паѓат на доле
Ова е питунија, колку што можам да видам мислам дека е паѓачка. Ќе ти расте убаво во должина ама нема да биде цела со цвет како што е сурфинијата
Дали ќе ја уништам ако ја ставам на сонце? Сега е на источна страна, а сакам да ја ставам на тераса на југозападна страна. Каде да купам сурфинија? Ја има по расаднициве? Цена?
Можеш слободно, сакаат многу сонце ама тогаш ставај вода секоја вечер, некогаш и два пати кога е потопло, проверувај ја често земјата не сакаат скроз сува земја. И секогаш тргај ги прецветаните цветови, тогаш цветат повеќе. За сурфинија не знам не живеам во мк, би требало сегде да ги има ќе ги забележиш по многубројни ситни цветови
https://www.facebook.com/kitkaplantfarm/ Да не те излажам за цена, прашај си. Не знам дали има уште, се купуваа пред месец дена на велико
Дали некој што разбира може да ми препорача какви растенија би можела да купам за тераса, во саксија? Немам сонце ич, само сабајлечки до 10 часот отрпилика...
Имаа шефлери во Електрометал, гледав пред некое време. Идеална е за источен балкон со утринско сонце. И јас ја имам, супер тера на балкон.
Јас мислам дека ова е сурфинија. Слободно ставај течен неопетроид или како и да се вика. Али ако сакаш ефикасно средство против вошки зами си Актара прашок. Прскај еднаш неделно. По сликава ми изгледа како да има вошки и твојата. Ако не реагираш ќе ја совладаат. И Сања, вади им ги тие овенатите цветчиња, читав дека треба редовно да се вадат за да цветаат повеќе. Јас моите ги напрскав со актара, леле луѓе колку вошки имаше испаѓано сабалето, значи еза ме фати. Моите не биле сурфинии, потонија биле Тоа е кога не знаеш. Ќе се обидам да ги спасам ако можам, иако ете имале куп вошки, вака не изгледаат толку лошо. Еве ги моментално какви се