Ги извадив, ја исчистив од сувите цветови, ја напрскав, јас ставив на ново место и денес ми ја бутна ветер....ќе пукнам од мака. Сликава е од вчера
оваа белото дали е нешто што наштетува? Ми се исуши цвекето а и предходно исушено цвеќе имаше вака внатре
Калатеа бара оптимална светлина, значи да не е на директно сонце ама не и на темно, најдобро е во некоја полусенка или во светла просторија. Не сака температурни разлики така што најдобро е да биде во домашни услови каде има константна температура. Земјава ми изледа доста осиромашена, пробајте да ставите некаков потхранувач, ги има во Брикилаж, 100 денари е 500 мл а се става по многу малку.
Луѓе имам дрво бонсаи од типот фикус микро карпа незнам зошто многу му паѓаат листовите а требаше да го носам за подарок на пола остана од тоа што беше...Што да правам???
Дали мислиш дека би успеала во дневна? Сабајле 2-3 часа има сонце. Сепак внатре е, нема да е директно изложено на сонце...
Нормално дека ќе успее. Мојата зелена шефлера е нон-стоп во дневна карши прозор, не ја вадам летно време. Супер си напредува, ќе ја сликам вечер баш да ја видиш. А шаренолисната шефлера ја држам на балкон преку лето, скоро цело време на сенка. Во принцип, шефлерата е салонско цвеќе, стави ја слободно внатре.
Фала многу за одговорот. Баш ме интересира како изгледа. Ако пуштиш слика ќе биде супер. Ќе побарам да купам. Се мислев за самсеверија. Па сега тука го видов и ова шефлера, и на мисла сум кое
Еве ја зелената, ја имам неколку години, од гранче ја зафатив. Не и менувам место, и супер и е погодено по дома. Не сака често полевање, прихрана некоја 2 пати годишно и понекогаш туширање или прскање со вода. Има пуштено многу странични гранчиња, посебно во долниот дел. Врвот го имам кратено за да биде погуста. Стои карши прозор без директно сонце.
Дали некој знае како се вика ова цвеќе? Го добив на подарок, ми кажаа дека цветало, ама незнам како се вика ни како да се грижам за него. Да направам еден апдејт за петуниите. Значи со нив дефинитивно како ќе ти се погоди. Имав пет, сите во еден ред, на исто место, исто вода, прихрана, се исто, четирите се ок, а една не успеав да дочувам. Среќа па другите многу се разгранија па не се познава празен простор. Еве ги здравите Еве ја уништената Од што може ваква да стане? Болест некоја е ова или?
Пишав и погоре, петуниите често фаќале вошки, побарај во земјоделска аптека прашок се раствара во вода и со прскалка гоставаш, ќе се оправи и моите еднаш вака направија па се средиа
Да, имаше вошки таа, ги прскав сите со Актара мислам се викаше и со едно против пепелница. Другите се ок, али оваа еве ја ваква може една недела.
Почекај, моите беа по 2недели вакви, јас мислам дожд сонце ми ги расипаа ама ете твоите други се добри. Ако не пробај во друга саксија, со нова земја
Многу се нежни. И мене ми се пеплоса една сурфинија, и решив веќе да не ги купувам. Догодина само проверени издржливи сорти ќе си садам. А инаку се навистина убави и декоративни.
А кои се така поиздржливи висечки за тераса? И да цветаат многу. И јас за догодина се размислувам за други, ама немам многу познавања за цвеќе Затоа сакам да знам што да барам и што да очекувам. Вака кога немаш поима ќе ги купиш убави расцветани и после мораш да им робуваш внеси изнеси по стопати и на крај пак пола лето без цвеќе ќе останеш
Од сардела нема поиздржливи. И многу убаво изгледаат тие висечките, барем на тераси што сум ги гледала. Посебно "Калиопе" што ги викаат. Кај мене годинава тие се покажаа најубави и најцветни, иако не ми се ставени во висечки корпи, кај мене се во двор. Воденчињата не ми се покажаа нешто, иако мислев дека се идеални за "висење". Друго цвеќе не ми текнува за тој стил.