Сарделите се најубави мислам највеќе издржуваат еве ја мојата тераса .(петуниите ги прскам со растворено пециво и капка сјај во 2л вода) .
@BoaVista што им ставаш за цветање? Убави се и моите ама не до толку раскошни моите паѓаат надолу многу а не вака широко
Девојки како одржувате Алое? Значи 2 до сега ми се испуштија. Едно мало и 2 големи. Каде ги чувате? Јас каде и а ги ставам се сушат, жал ми е да ги гледам.
Само некој час во денот сонце, не повеќе. Или во целосна сенка. Иначе им горат гранчињата. Кај мене се на тераса, сонце само пола саат ги фаќа, и супер се.
Help... На орхидеата и се имаат појавено како капки ( лепат, како смола) на листовите. Ја чувам на исток, меѓутоа со метод во вода. Менувам често вода.
Не и трули коренот кога е само во вода?И јас мислев мојата да ја пробам на таков систем одгледување во вода.Не знам веќе што да и правам.Ја добив подарок но,беше со жолти корења па ги тргнав и дезинфикував.Сега гледам почнал листовите како да венат еден почна да жолти.Ја ставив во вода со течна прихрана
3 дена ја држам во вода еден ден на суво. За сега е ок со корењата ( ги секов тие што беа како скапани) но ова на листовите не знам од што е. Се мислам да ја вратам пак во земја за орхидеи.
Ајде види ги овие некои видеа сигурно би ти помогнале Ајде пребарај тука би требало од овие видеа да најдеш во врска со тоа може ќе ти помогне Второво видео ќе ти помогне се надевам Имам видено кај една жена што ги чува во вода на 10 дена им менува вода.Во водата става ќумурче за скара или јаглен тие апчиња и горка сол. Листовите на некое време цеди неколку капки лимон и малку вода на памукче и ги брише.И за дезинфекција во хиперманган.Јас мојата ја дезинфицирав со хидроген 3%,некој става и цимет.Не знам навистина не би сакала да ми овене орхидејата
Тие сакаат сонце претежно, ретко на сенка, дека малку ми фаќа од дрвото затоа. Инаку повеќе сонце сакаат..многу се убави.
@ZAHRA Захра, немој да стојат во течно ѓубриво, да не ги изгориш. Јас престанав со вештачка прихрана, само зелен чај ставам. Тераат како луди. Имам 2 што се во вода, ама свртени наопаку, поклопени, на спасување ми ги дадоа. Такви скожурлавени во листовите беа, сега се "испеглани", тераат коренчиња нови.
Ти благодарам многу на советот.А како тоа свртени наопаку во што треба да бидат поклопени?Извини ама јас навистина не се разбирам за цврќе а имам мерак да чувам
Вчера засадив 3... 2те весели гледам едново листиве ги завиткало малку дали не му се погоди нешто нз... ама ги ставив на сонце да ги фаќа па ќе видиме како ќе бидат
Почекај и ќе видеш. дека сакаат сонце многу. И двапати или еднаш неделно прихрана им ставај железо. Ако не ти ги биде, пиши ми да ти кажам подетално што да им ставаш...дека сега од сонцето и од дождот може да спласнат. Ама јас со прихрана и супер се сите..и за цвет и за листовите посебна прихрана..
Во другата дома сум, инаку ќе ти ги сликав моите. Овие од фејс од групите се. Вака стави ги. Моите се во стаклен сад доле, а пресечено шише одозгора имам ставено. Менувам вода еднаш неделно. Сега дека врне можеш во дождовница да ги ставиш, ако собереш. На првата слика најубаво се гледа.
Ајде ќе пробам вака.А гранчето со цвеќе ќе мора да му го тргнам.Ќе ставам тогаш пластичен сад на балкон па ако врне ќе имам дождовница