@ZAHRA сликни ако не ти е тешко. Дождовница и јас така збирам, во тие од вода буренцињата имам исечено и што соберам, соберам
@Kitten кесичка зелен чај, во одстоена вода ја оставам да стои 10-15 мин. во шоља за кафе. После ја разредувам во тие големите балончиња од вода, колку се 5-6 литри. После орхидеите во неа ги потопувам. Тоа што остане полевам кактуси и останати цвеќиња. Гледам им годи на сите. Исто убаво е и од врба млади кога се врвовите гранчиња да се наберат, ама не стигнав годинава тој луксуз да го направам. @ZAHRA немој цела круна во вода. Гледам и таа ти е потопена. Ќе ти скапе. Најдолгото коренче во вода, додека има цвет ако сакаш да ти постои, после крцни ја гранката и стави ја наопаку. Што биднало со дрхгите корења, многу слабо ги има..
Јас ја добив на подарок и кога го тргнав целофанот приметив дека корењата и се многу жолти и ги извадив и дезинфицирав
Ако не биле меки требало да ги оставиш, поради немање доволно светло се жолти секогаш. И на моите тие во средина секогаш им се жолти. Тие по страните на саксијата се зелени. Види најдолгото нека биде 1- 1.5 цм во вода коренче, другите не. И гледај долниот дел да не допира воопшто во вода.
Ти благодарам многу на советите и одвоеното време.Да беа многу меки корењата.Цело време да ги држам во вода и само на недела дена да им менувам вода.Ќе успее?И без ништо да додадам во вода,бидејќи вчера имам ставено во вода активен јаглен така бидов кај една жена дека ги одржува
Znaci ve citam a ni edno cveke nemam doma. Tolku vi se ubavi, tolku ste se potrudile da vi bidat ubavi, nahraneti, rascvetani,.... Vi se voshituvam!!! Golemo bravo!l:
Девојки им купив прихрана (течно ѓубриво) си пишува колку да растворам но Колку да им ставам од растворот или да ги прскам ? Ај мала помош до сега не мн гледав за нив....
Како кога им ставаш вода, таа количина. Има и фолијарна прихрана (преку лист), ама претпоставувам немаш земено таква.
Девојки, зедов петунии ама таму кај што сакам да ги чувам не ги фаќа воопшто сонце, евентуално да ги префрлам на сабајле ама и тогаш ќе ги фаќа сонце само 2,3 сати од сабајле. Дали мора да се директно на сонце и во мојов случај колку често да ги вадам? И дали таа прихраната со зелен чај да ја пробам на нив? Што мислите поискусните? Немам искуство со вакви цвеќиња.
Најдобро да ги фаќа сонце отсабајле. Прихрана на десетина дена, прскање против штетници и болести, и пресади ги во поголемки саксии со убава земја. Не ги оставај во купечките, само во корен се во нив. Вода умерено, ни да пливаат, ни да се пресушат. И многу се нежни и осетливи, да си знаеш.