Препорака за некое собно цвеќе, да расте високо, да не бара светлост и да не мора често да се за лице и да не е вештачко (иако со мои способности и вештачко ќе ми овене)
Ај хелп ... ја средував калата денес и ја оставив на тераса ама ја фатило сонце краевите на листовите почнале ко да овенуваат ? ...сега ја вратив на место ама како да си ја спасам???
Сечи цветната гранка и со листовите во вода , ако можеш скини врба и направи чај од неа, 100%ефект има врбата јас спасив така 4 орхидеи сега ми се во субстрат .
Важи ќе пробам и така со врба.Уште тоа остана да пробам .Ќе може да ми кажеш колку време ја држиш така во чајот од врба и дали треба секојдневно менување?.Ти благодарам многу
Дури се замати искрено ги заборавам и по 3недели им менувам комбинирано ако била пред тоа во чајот од врба после ги ставам во обична вода од чешма .
Ако може хелп....преубави ми се цвеќињата ама во последно време гледам дека ги имаат напатнато мали бубачки им ги јадат листовите.Може ли да ми кажете нешто што помага да ги испрскам додека не ми отидат целосно.Ако знаете и некој домашен рецепт што помага уште поубаво
Леле вошки да не се.Моите имаа вошки едни зелени и едни бели као ежиња ми ги грицкаа цвеќињата.Од земјоделска имам купено во мало шишенце и се раствара во вода ги напрскав и веќе нема.Не сум дома моментално,кога ќе бидам ќе ти сликам да видиш какво е шишето.А домашно пробував и јас правев од интернет гледав ништо не помогна.
ми треба совет за зимзелени дрвца како се негуваат од оние за во двор украсните и дали мозе да кѕпам мали да ги чувам во канти па после да се пресадат? и најбитно прашање жива ограда како се засадува се множи се чува ке ми требаат преку 150 корења
Како се вика оваа цвеќе кај нас? Едит Видов дека е Хедера Хеликс. Мислев да не има некое друго име барам на интернет како се одгледува, го добив на подарок.
Едно прашање за љубителите на кактуси Кактусот ми се криви на едната страна, како да расте само од едната страна. Терасата ми е на сенка немам можност да го чувам на сонце, вода ретко му ставам.
Девојки Слушнав дека оваа билка Се викала Бабино...(незнам што) Била лековита, дури се препорачува да се јаде по едно лифче дневно, за хемородиди било топ. За жуљеви, притисок.... Како се вика ме интересира и дали знаете за лековитоста..
Париче, вампирче, дебела кокошка... сукулент со многу имиња и наводно многу лековито, посебно за кожни проблеми го користеле многу. Го имам неколку години и појма немав до пред некое време дека е многу застапено во народната медицина. https://nmd.mk/pariche-bilka-koja-s...heludnik-i-razni-vospalenija-na-sluzokozhata/