Значи вистина е. Се јадело по едно лифче на ден. Ме искасаа комарци, Зедов едно лифче, го изљупив и се мачкав на раната од комарец. Дали верувате дека помина мноогу побрзо од останатите ,,дупки,, од комарци ?
Супер тогаш, не знаев ни ова. Да го баталам камагелот, комарци како оваа година што имаме не сме имале никогаш. Не изедоа начисто, а иљачов до нас.
Вистина е дека се јаде, баба ми го има во дворот и цело време ќе го забрише со раката и даваше по еден лист. Да сме трчале повеќе
Девојки малку помош. Добив орхидеја на подарок и вчера ја навадив прв пат. Ја ставив во сад со вода 20тина минути. Денеска гледам, ова коренче е веројатно, жолто, дури и со мувла. Што да му правам? Да го пресечам или...? Инаку вака другите коренчиња се океј колку што можев да забележам, зелени се и орхидејата си е весела и расцветана.
A new addition to my plant family. Ficus lyrata После месеци барање конечно го најдов, ама беше единствен во гарден центарот и беше малку занемарен, два од листовите имаат дупки. Читав на интернет дека тоа значи дека немал доволно влага. Го донесов дома, го истуширав, му ги измив листовите и го нахранив и сакм сега да спречам појава на такви листови во иднина. Прв пат чувам фикус лирата. Совет?
леле сакам кај има? класичен фикус ако сакаш и ако немаш пиши ми. јас моментално лепотицава ја размножувам...
Не сум во Македонија за жал. Инаку фикуси обожавам, следно на листа ми е fucus elastica tineke (со шарените листови), ама и тој ретко го има. Многу ти е убава лепотицата
Имам една, еве ја само многу е нежна и захтевна, права примадона. На неколку наврати мислев дека е готова, ама некако успева да се врати во живот. Де светло не и чини, да има премалку храна, де многу е налиена, не знам стварно што сака, ко дете е. Има периоди кога е убава и бујна, но има и периоди кога листовите и се жолти и безживотни.
преубава е твојава.. мојата умре иако се што можев сторив. до последно се трудев и џабе... пренежно растение а преубаво.. ин мемориам...
Немам ваков фикус, ама претпоставувам дека бара слични услови како и другите видови:светло место без многу сонце (евентуално сабајлечки или касно попладне да го фаќа) , влага т. е. прскање или туширање, вода не пречесто ставање, не сака близина на грејни тела. Отприлика тоа.
Си купив за прв пат кактус, со намера да го чувам и одгледувам.. Па да прашам на колку време треба да му ставам вода, за да не ми скапе или овене?
Остави ја уште малку да видиш што ќе се случува.Сепак сега си ја добила, а орхидејата не сака веднаш промени, туку треба прво да се навикне на новиот простор.