Diona и јас дома имам орхидеа виолетови цветови, треба да ја чуваш на прозорец бидејќи и треба многу светлина и да биде во проѕирна саксија за да може светлината и во корените да допре. Јас ја полевам на секои три дена бидејќи е во мала саксиичка. Е сега не смееш да ја полеваш од горе како што се полева секоја китка..туку треба во чинија или канче да напуниш вода и да ја ставаш саксијата внатре, таа за рок од еден ден ќе ја впие водата, бидејќи мојава саксија од долу има дупчиња. Но пази и тоа канче да биде проѕирно..Орхидеата е многу нежна и осетлива китка . Еве ја мојата само што е во мала проѕирна саксија. . Твојата како што гледам е од друг вид но исто било одгледувањето така ми рекоа од таму од каде што ја купив ( и ја купив на мајка ми за осми март)
Значи обожаваааам кали, и секогаш си купувам за во вазна.. АМА лошата страна е шо се многу нежни и брзо венеат... е сеа, сакам да си купам во саксија... коа ја прашав продавачката колку време си седи така убава во саксијата и откако безобразно ми проммла нонстоп и уште безобразно ме изигнорира и искулира, имаше среќа шо не и напраив таква мелодрама во цвеќарата, за која ќе ме опејуваа во идните народни песни зш коа шетам низ град со брат ми, не смеам да се задржам подолго од 10 секунди на излог... и ондак то... јасно е натака... Е сеа муабетов ми е која има такво цвечуленце по дома.. да ми каже колку стварно да очекувам да издржи во саксија пред да овене и да го сахранам ..или можеби цутат одново може тука...може преку лп...битно да Ве има Поздрави и Бакнежи
Јас го знам под името куќна среќа.А латинското му е Soreirolia soleroili.Не сака директно сонце,но сепак да не е во сенка.И подобро успева во плитки а широки саксии,тоа сум приметила.И повремено оросување со одстоена вода.Кај мене баш успева а не тоа зашто има премногу среќа во куќава.
Ај да прашам, можда некој ќе може да ми даде одговор. Скоро 3 месеци имам кактус. Пред пола месец негде го пресадив во поголема саксија, зашто старата му беше ептен кнап. Ама гледам дека некако како да се нема зафатено. Калапот земја што беше околу него додека беше во старата саксија може слободно да се извлече од новава саксија, како пред 5 минути да сум го пикнала таму. Не знам што е проблемов, му ставам по малце вода одвреме-навреме, како што ме советуваа од цвеќара, нели не често, зашто кактус е, не му треба многу вода. Вака здраво ми изгледа... Или можеби му треба време дури ги пушти коренчињата подлабоко во новава земја што му ја ставив. Anyone?
Јас скоро мојот исто го пресадував а немам некое искуство со тоа. Прашав една девојка што има многу кактуси, ми рече дека ова може да ми се случи ако е различна многу земјата демек или ако е недоволно земја ама со тек на време сака нејке ке си расте во новата земја и нема да има проблем.
Епа богами различна е. Таа минатата ептен сува беше, камен сува, тврда, баш како цел калап излезе од старата саксија. А новава е земја купена од земјоделска аптека Ајде, сигурно му треба време да се адаптира.
Сака нејке ке се навикне, бар кактусите не се нежни А ова моево кога го купив колку беше убаво малечко, сега ко лудо колку брзо расте тоа е чудно дури за кактус, беше темно зелено, сега посветле и тие листовите му станаа ко на млад кромид, на ништо не личи Уште у дневна сум го ставила до телевизорот, да ми ја грди собата.
Цвеќиња сакам многу,ама немам каде да ги чувам и така да имам само едно собно цвеќе-драцена(како пченка е)
А и моево е такво мало слатко, па кога расцути тоа розови цветчињата, преубавко беше. Ама неќам да ми огрди паа
Да ве замолам љубителите на цвеќе на темава нешто добив поклон од она саксиското цвеќе што популарно народски е наречено бонбонче (или бонбончиња, не знам..) мајка ми така го вика, ама јас сакам да го знам латинското или англиското име на цвеќево за да си прочитам како треба да се одржува, размножува, чува и слично. Ве молам ако некој знај нека пиши
П.С: не знам дали тоа бонбончиња = на Impatience што се вика на англиски? Ептен ми изгледаат слично.. ама па со ова англисково име шо се цвеќиња кај нас ги нарекуваат воденики.. :/ е ај сега кое цвеќе е :/
Лотосот се засадува од народски кажано компирче , нема семе начинот на негово посадување е следен, на компирчето кое е тврдо како мало оревче, со игла му се прави дупче од едната страна и се става во вода некои 10 дена за да изрти. Откако ќе изрти се спосадува во кал (како мочуриште вода и земја, ама каллаво). Е сега одговорот на твоето прашање е дека јас во Македонија не сум видела некаде да се продава. Ако ми успејаа мене компирчињата донесени од Амстердам ќе ти понудев за проба, но за жал ми угинаа
Здраво на сите.Ке ве замолам оние кои знаат како се одгледува чуваркуча да пишат што му е потребно(колку наводнување,сонце...).Јас моиве скоро секој ден ги наводнувам но едното ми се исушило.Па си викам да не треба поретко да ги вадам или друго е проблемов.А на жешкпво земјата во црепот одма се суши па не ми се остсва да не му ставам вода.Ксжете некој совет.Фала однапред
чувар на куќата ич не е проблематично за одгледување, а и нема некои посебни барања па да може човек да му фати ред од досега што имам забележано, не прави проблем и да стои без вода којзнае колку време, затоа што природната средина на растење порано му била на стари ќерамиди од куќите, значи ако заврнело добивало вода, ако не, ништо така да не му турај вода секој ден, сигурно нема потреба од толку многу. турај му еднаш неделно, ќе се опорави. јас имам еден цреп ставен на сонце и еден под сенка, подеднакво исто се развиени и двата, така да нема некое правило. единствено за водава ти викам, не ги полевај секој ден, тоа си има доволно вода во себе, а со секојдневно полевање можеш само коренот да му го скапиш. Поздрав
^ и јас многу го сакам кринот како цвеќе за во вазна <3 ептен прекрасно мириса и покрај герберите, кринот ми е исто омилен за таа намена инаку да се пофалам, моментално одгледувам 3 саксии со сардели (само нешто не ми цветаат баш овој период, ваљда имаат фаза на мирување :/) потоа 2 винки, 4 импатиенс (воденики), лобелија сино-виолетова, чувар на куќата (пута два ), чевличе и неколку што туку пресадени петунии. До в година се надевам дека ќе ми се намножат повеќе )
Сакам во дневната соба да си купам некое цвеќе пример како на сликата, што би одговарало за дневна соба, но незнам кое, какво, колку чини, кај можам да го набавам и сл ? Не сум имала и немам голема желба за цвеќиња, но ова е чисто поради уредувањето на станот