И јас тоа се зачудив.. ја полевам со обична вода на 3-4 дена како шѕо прочитав, ниту ми е изложено на сонце
Осетливи се на флуорот во водата, со отстоена вода треба да ја полеваш и не сака вода многу. Ептен кога ќе се исуши земјата, тогаш полевај ја и не многу.
Да провериш во Коин Каса во Сити мал,Флорис Кочани.Вакви има покрај езера и на места каде имало како мочуриште
Кога прочитав како за фикусот мој да читам.Поранешна колешка ми остави фикус за мене и зимоска многу листовите му попаднаа и мислев готово е.Пролетва додека беа полицискиве часа доста му посветив внимание и сеа е подобар и се надевам зима ке е добар нема многу листови да му паднат.
Се надевам дека ќе се опорави. Внимавај со полевањето, обично издржливи се, не се проблематични, како некои цвечки
Да, тоа е. Одамна не сум била, заборавив како се викаше, а и стара сум веќе, почнувам да заборавам. Мене ми требаше за подлога за тиландсии, за да одржува влага. Ми наполнија цела кеса, ни пари не ми побараа.
Како се грижите за кактуси и сукуленти? Дали да ги ставам директно на сонце, колку пати да има ставам вода...?
А кај го чуваш? Не знам дали да ги ставам на сонце под прозор или на полица кај што не иде многу сонце.
Сукуленти повеќе бараат вода од кактуси. Пример, јас на кактусите им ставам 1 на 2 месеци вода. И тоа со лажичка за кафе. А на сукулентите два пати месечно. Сепак се зависи каков тип на сукулент е. Ако се месести, во нив и така има вода, ако се потенки, тогаш можеш да се опуштиш. Земјата е многу битна. Најдобро е да се пресади во земја која брзо се суши и ја дренира лесно водата. Исто треба и слој од песок да има. Кактус на сонце можеш комотно да ставиш, зборам за видовите со боцки што се, има некои кои спаѓаат во таа група, ама се сензитивни на сонце. Во глобала, кактус е растение што ќе заборавиш дека постои.