@GrimTheReaper еднаш на 2 месеца е многу малку вадење. Мит е дека кактусите не сакаат вода. Преку лето ги вадам на 2 дена, а на зима еднаш на 2 недели, освен ако се влажни тогаш може и на 3 недели. Ај тука е потопла климата, претпоставувам во мк си, преку лето бар еднаш неделно треба. Еднаш вадење, еднаш туширање. Ма да јас ги туширам и со вадењето. Ај сега јас да прашам нешто. Не ми текнува како се вика, некои стебленца многу се издолжија има доста нови и плус малечки растат. Дали да ја пресеам пола во друга саксија, или да ја оставам вака до пролет? 2 години не мрднаа неколку стебленца, валда и погодив место па сега вирее ко лудо. Има некој искуство? @orevokrsacka ? @petunija77 ? Некој друг?
Sansevieria cylindrica или по ново Dracaena angolensis, можеш да ја пресадиш но ти предложувам да земеш посебна земја за сакулент и кактуси мојава уште стои како што ја купив а е засадена во влакна од кокос, не сака земја која задржува вода. Има сличен карактер како и сакуленти.
Исто. Не мрдна долго време, само тие неколку стебленца како што ја купив. Летово често ја вадев и ја ставив на сонце, не престанаа да растат нови и скроз изгуби форма. Иначе за земјата знам, само таква и користам. Значи нема да направам штета ако новите стебленца ги пресадам во друга саксија. Фала ти.
Јас само би ти предложила да причекаш до пролет/лето, зашто сепак е растение на кое му треба светлина, па може да биде стресно прилагодувањето ако ја пресадиш сега а не добива доволно сончева енергија, обично овој вид растенија хибернираат во есен/зима.
Немам искуство со сансеверија, ама еве корисни совети за нивното одгледување. http://www.cvecarabeoflora.rs/indijansko-pero-sanseverija/
оваа сансеверија иако е симпатична ,ама тешка за одржување, мене ми изгледа дека и е таман саксијата затоа што кога им е голема растат во корен ,може затоа не расте нагоре , прочепкај од горе да видиш дали се гледаат корења а си сака вода како и сукулентите ,јас можеби некое коренче би пресадила чисто за споредба , инаку приметив дел од сукулентиве што ги садев од лани и прехлани во специјален супстрат за сукуленти не ми напредуваат многу ,тие во обичен како за петунии или саксиско цвеќе со камчиња на дното повеќе ми се развија баш минатата недела ги пресадував ме изнервираа едни , снаата само во обичен супстрат ги сади нејзините огромни моиве уште да им играм на една нога нешто ме зезаат . ова е мое мислење ,па сподели искуство
лани беше огромна ,ја испокршив по пријателки и ми остана едно коренче кое чмаеше од лани до август скоро, и конечно уживам во неа
Што се однесува до супстрактот, истото го приметив. Тие кактуси и сукуленти што ми беа засадени во специјална земја за кактуси и сукуленти многу слабо ми напредуваа, посебно сукулентите. Многу повеќе сакаат мешавина во која има и „обична“ купечка земја за саксиски цвеќиња (за петунии, сардели и сл.). Ги пресадив и сега си потераа.
Има ли некој искуство со азалеа? Имав 3 стебленца, од кои 2 ми се исушија скроз, сега ми остана само едно. Се мислам дали да ја пресадам во нова земја, и сега зимава што доаѓа не знам до колку ладно трпи и каде да ја ставам. Многу сакам да си ја зачувам затоа што ми е драг подарок.
@Оленка* @orevokrsacka @petunija77 Фала ви девојки. Петунија, искрено не знаев ништо за неа кога ја земав. Ама дефинитивно сака вода. Кога почнав да ја вадам на 2-3 дена почна да вирее. Дур беа неколку стебленца и поубаво изгледаше. Сега секое своја приказна тера. Ич не ми се свиѓа како изгледа сега. Стебленцава растат насекаде сем право нагоре. Нагоре се останати само оние првите како кога ја купив. А имам уште една помалечка, таа внатре ми е. Исто почнаа нови да растат откако почнав да ја вадам често.
финтата е што треба како плетенка да ги плетеш, да ги подврзуваш со врка ,машна или нешто слично за да фатат форма тогаш е поубаво
Ова цвеќе го најдов како расти на пат и решив да скинам едно, најдов онлајн мислам дека е маргаритка ама најдов латинско име е leucanthemum heterophyllum. Дали некој знае како можам да го изртам за да си го пресадам да имам во дворот?
@Yowannty треба да ги прибереш,обично ги плетат како плетенка,ако не сакаш така можеш со ластиче да ги прибереш.. Еве плетенка
Инаку има апликација од play store, се вика PLANT SNAP. Го сликате вашето цвеќе, растение и ви го дава името. 99% е точна.
Пред недела дена маж ми донесе мала красула дома. Немав одма убава саксија да ја пресеам па седеше неколку дена во истата, фактички само корени беа. Ја пресеав, на светло е, ама еве овие денови и паѓаат листовите. Што друго можам да направам? Дали можда саксијата е мала? Цвета ли красулата?
Знае ли некој како се вика ова цвеќе? Немам меморија за апп што ја има погоре спомнато @GrimTheReaper