Помош...имам спатифилиум (peace lily) и во земјата најдов црни црвчиња мали тенки...опасни ли се, да прскам ли нешто, да не почнат да ми лазат дома Цвеќево го имам некои 2-3 месеца...а на тераса да го ставам ќе смрзне..нели овие сакаат топло.
Во земјоделска аптека побарај некој препарат против црви. На балкон не го ставај, си сака собна температура спатифилиум от.
Мајка ми доби жолта хризантема и на почетокот беше супер, ама после еден месец почнаја многу да се сушат. Дајте помош како да ги спасиме да не ни се исушат
Дали правам грешка со тоа што ги вадам кактусите 2 пати неделно? Многу им се суши земјата, посебно сега со парново, и им ставам вода, а имам читано дека се вадат еднаш на два месеци.
Што може да им е што се вакви како паднати? И двете кога ги земавме листовите им беа нагоре. Оваа јукава раѓа нови ама млитава е, а драценава само дреме. Оваа ја добив на подарок, дали се исти вид со малата? И уште нешто, дали Замија може да се кастри?
За јуката можам да ти кажам дека така клапнува најчесто кога земјата е презаситена со вода. Веројатно многу често ја полеваш. Заборави ја подолго време, и стави и вода кога земјата ќе биде убаво засушена.
Ич не ја полевам да ти кажам, малце сум немарлива и затоа бирам цвеќиња што не бараат многу тинтрање. Дали е можно што нема дренажа на водата и земјата ми е од Бриколаж ама уште кога ја земав беше некако сува ептен.
Земјата од Бриколаж и Меркур, ако е истата, е доста квалитетна. Дали е ровка со парчиња стиропор? Ако е таа, тогаш нема потреба да менуваш. Целта на земјата е при полевање да не задржува вода, односно растението ќе земе колку што му е доволно. Брза смрт настапува ако скапаат корените, подобро да се исуши отколку да скапе. Башка таа земја е чиста, без штеточини. Растение чувано во таа земја и растение чувано во земја од пазар, што не се суши, има разлика.
Нема дренажа, мислиш нема дупчиња саксијата? Ако е така одма пресади го во друга саксија со дупчиња. Коренот скапува ако водата нема каде да истече. А земјата не би требало да е проблем за јуката, не бара многу квалитетна земја.
Да на тоа мислев. Ќе ја пресадам одма. @GrimTheReaper немаше стиропорни топчиња, на кесата имаше цвеќиња расцветани, па си мислев да не е само за такви цвеќиња со цвет.
Нема правило. Ако земјата се суши ќе вадиш. Само по малку вода, да не е претерано. Ако се во ред и не пожолтуваат или се згужвуваат не знам за какви кактуси збориш, тогаш вади си. Девојки дали може да се спаси каланхоето? Листовите почнаа да венат и да паѓаат, исто и цветовите. Што да му праам не знам... Уште едно прашање, секоја зима земам божикно цвеќе и ми умира. Што услови бара? Комплицирано ли е за чување?
Не е таа. Нема везе, гледај во иднина земјата да е сува пред да ставаш вода. Така е најправилно. Секако можеш и прихрана во вид на течност да користиш.
насади ја во двор ако можеш , инаку си сака вода почесто, кога ќе се исуши земјата , и штом прецвета се суши,не ти е исушена само ставај и вода , на пролет ќе си потера повторно без разлика дали е во саксија или во земја ,отпорни се на ладно
Помош.... Почнаа да им паѓаат ливчињата.. Како да ги спасам, од што може да е??? На две недели водичка по малку, и на светлина.. Каде грешам...
Или премногу или премалку вода. Пикни го прстот во земјата за да процениш. Плус тие украсните камчиња не се за сукуленти, држат влага. И саксијата е несоодветна за се уште мали красули, може им скапува коренот бидејќи долниот дел е секогаш повлажен. Јас би ги пресадила во помали саксиички, па кога ќе потпораснат, може да одат во поголема "куќа". Тогаш и коренот е поголем и појак па може да издржи повеќе влажност во земјата.
Јас мислам дека е од премногу вода, @apple12 . Земјата сака да биде скроз сува пред да ја залиеш пак. Зимно време тоа би било отприлика еднаш на месец. И лончето/саксиите во кои се чуваат треба да имаат дупче за да се исцедува водата, не да се задржува внатре. Ова го научив откако „убив“ 2-3 сукуленти. Ај баш пробај да се воздржиш од заливање да видиш што ќе биде. Се слагам дека сегашнава саксија со камчињата е несоодветна и дека најдобро ќе им биде во мали теракота саксиички со дренажа и подметач.
Се сложувам за одржувањето, ама.. во случајов може сукулентот да е премногу жеден. Красулата има слабо развиен коренов систем, па цела вода да бега доле, бидејќи саксијата е длабока, а коренчето да е и натаму суво, бидејќи е плитко. Затоа е најдобро да се пресадат во соодветни помали саксиички, и да се тера режимот за сукуленти. Поретко заливање, но не многу оскудно, во зависност од условите на чување - топла или ладна просторија и слично. Во секој случај, членката прво треба да ја провери ситуацијата на терен, дали е земјата пресува или превлажна, па да процени што е болката.