@ladystardust , @orevokrsacka ви благодарам на опширните одговори. Многу им се израдував кога ги купив. Дали има врска што ми стојат карши климата? Преку ден ги ставам пред прозорец (свекрва ми вика не треба да менувам локација, не било убаво). 15 дена им немав вода ставено, и тоа по пола шприц им ставив, сега не можам да проценам каква била земјата зашо кога видов дека паѓаат ливчињата им ставив водичка. Маж ми вика, и вештачко цвеќе ќе исушиш, штом не зачува кактус 2 недели
Епл, во принцип Епл, во принцип секое цвеќе се чува што подалеку од грејно тело, ако е можно. А вода кога ставаш, стави им убаво, не се шприц. И кога не си сигурна дали страдаат од многу или малку вода, провери ја влажноста на горниот дел од земјата. Посебно кога се чуваат во топла соба, треба и повеќе водичка да ставаш, барем на 10 дена, не поретко од тоа. Моите на пример ги чувам во негреан ходник со природна светлина, па зимно време еднаш во месецот им ставам.
Хехе, сукуленти навидум изгледаат лесни за чување, ама се "tricky“ додека да ги научиш што и како сакаат. Јас во стан чувам 25 различни видови собни растенија, сукуленти ми се најтешки за одржување, 90% од растенија што не ми преживеале биле сукуленти. И не ми се баш омилени, единствената што моментално ја имам (т.е. ја нарачав и чекам да ми стигне е string of pearls). Генерално, сакаат да се на светлина и се наводнуваат кога почвата е речиси сува, многу често им се случува гниење на корењата од премногу вода и така умираат. И да, кога се заливаат треба убаво почвата да ја потопиш во вода и остатокот што ќе излезе од саксијата да го истуриш.
Женски, сарделите ги поткаструвате пред да ги внесете од надвор во домот ? Моиве се растурија од цветање и жал ми е да ги кастрам, а читам дека треба бајаги да се скратат за да успешно презимат.
Девојки каде да најдам вакво? Пред некое време видов во Џамбо ама не бев заинтересирана, дали знаете како се движат цените, мислам дека по гранче се продаваа во џамбо и скапички беа.. Можеби има некаде поевтино..
Имам насадено Бугенвилии и се околу 10 см и сега се на прозор па ме интересира дали се уште да ги чувам под шише или да го извадам. Секако ќе прецветаат и листовите ќе пожолтат. Скарти и пресади ги тие.
Имам Божиќно цвеќе и човекот од каде што го купив ми рече еднаш неделно вода да му ставам. Е сега,пред некој ден требаше вода да му ставам и му кажав на дм да му стави. Кога дојдов дома и го проверив беше сува земјата и си викам може заборавил да му стави и му ставив јас. Другиот ден ми кажа дека веќе му ставил вода и сега не знам што да правам бидејќи два пати вода му ставивме дали и оваа недела да му ставам или да ја скокнам?
Орхидеите 2 пати годишно ли цветаат? Повеќе од 1 месец имаше цветови, и паднаа и сега сувите стебленца ги исеков до кај што беа пожолтени плус 3-4 цм. Веќе 2 недели ништо не прави, како замрзната е истата. И ставам вода кога треба само и толку. Вака до кога ќе стои?
Со нив нема правило, може да се цела година со цвет а може и уопште да не прецветат. Почни со прехрана еднаш месечно и биди трпелива. Една имам во мај прецвета сега вади нови цветни гранки, друга минатиот ноември прецвета уште нема ништо. Така да само трпение и внимавај да не и ставаш многу вода, само кога и се сребрени корените тогаш вади ја
Пред да ставиш вода бркни го малку прстот ако земјата е сува стави, ако не е почекај скроз да се исуши. Не знам зошто така ти рекол човекот, за ниедно цвеќе не можеш да знаес точно на колку дена вода да ставаш, зависи колку е топло дома и колку светлина има, затоа секогаш проверувај ја земјата и нема да згрешиш
Ја добив на подарок со 12-13 цветови, преубава беше и многу се грижев за неа, кога паднаа цветовите мислев време им дошло. Инаку кога ја добив беше премногу водена, во цвеќарата ја удавиле во вода и долго време не и ставав и ги следев корењата. И сега редовно ја надгледувам, ја вадам кога треба и свежа е, листовите и се тврди, не омлитавени па да речам ми овенува, ама и никаков напредок нема. Има едни како ситни гранчиња или бебенца на орхидејата не знам, ама тие си стојат од кога ја имам, не пркнуваат воопшто.
Јас го вадам недела и среда, еве вчера заборавив, ама гледам не е сува земјата па утре следно. Инаку еве како треба: 2. Божиќното цвеќе се наводнува само кога земјата е потполно сува. Проверувајте ја влажноста на почвата на два до три дена. Наводнувајте со доволно количество вода со цел да се навлажни целата почва, а вишокот на вода што ќе остане во подлошката одстрнете го. Ако не го наводнувате доволно долните листови ќе започнат да паѓаат. Од друга страна, пак, ако пак го наводнувате премногу, долните листови најпрво ќе започнат за пожолтуваат, па потоа ќе паднат. Еве повеќе за цвеќево: https://www.cityflowers.mk/mk/blog/Grizha-i-soveti/bozhikno-cveke-6-soveti-za-nega-i-odrzhuvanje
Немаш гајле штом листовите се цврсти, само продолжи како до сега и ќе цвета пак. А тоа гранчиња никнуваат од стеблото горе каде што се цветовите или од доле пд земјата каде што е коренот?
Од стеблото што е нагоре, не од коренот. Стојат две стебла како прачки. Само ја набљудувам, ќе ја урочам.
Ако почнат да се сушат стеблата да не се исплашиш нормален процес е. Ако ти се зелени прачки тогаш остави ги од нив ќе излезат нови цветни гранки истата сум потполно те сфаќам, ги имам 10 и сега ветив дека нема да купувам веќе, па се плашам да влезам во маркет одма викаат по мене “земи ме” Зависноста “орхидеи” опасна била
Малку скапичка зависноста ама Јас немам простор, одвај и на оваа и најдов погодно место (валда и е погодно), инаку би си купила уште неколку сигурно.
И да знаеш скапичка, а после се чудам каде ми е платата живеам во 60м.к стан среќа исток па сите прозорци ми се со орхидеи, а имам уште 20тина цвеќиња сигурно, можеш да замислиш која градина е кај мене мм ме сака многу штом уште трпи
wow леле браво, колку љубов, време, внимание треба за толку многу цвеќиња да се одгледуваат. Јас сакам исто ама имам страв од црви па поради тоа одвај една орхидеја чувам.
^ Мене па орхидеите ептен ми се тешки за чување, една имав и ми загина, не се осудувам друга да земам многу е нежно цвеќе. А кави убавини од боја има Гледам и мајка ми неколку смени, едвај две и останаа.