Јас имам две, и двете ми цветаат на отприлика 8 - 10 месеци. Штом паднат цветовите и се исушат стеблата, ги сечам скоро до доле и понатаму продолжувам растенијата да ги наводнувам отприлика еднаш на две недели - ставам вода во сад и ги оставам да отстојат во неа 10-15 мин., да си попримат корените. Никогаш не им ставам додатна прихрана, а секое цветање вадат уште поголеми и поубави листови од претходното. Еве едната која овена во јули, сега гледам дека почнала да пушта две нови стебла.
Исто и јас на тој начин ја наводнувам. Не и ставам обична вода од чешма туку купечка (како бебе ја гледам ) така прочитав било подобро со таква вода, дали е правилно не знам. Сигурно ќе се изначекам до пролет најрано за нови цветчиња, ама ако.
Под итно разреди мала количина на сјај за садови во вода и испрскај го убаво на сите делови каде било испрскано со средството за чистење. После земи го, однеси го во купатило, покриј ја некако земјата и убаво целото измиј го со силен млаз вода. Ако го испрскал само по листовите може да се спаси, ама ако има средство и во почвата тешко, освен ако целосно не го извадиш од земјата, да му ги измиеш убаво и корените и да го пресадиш во нова почва.
Веројатно одговорот би бил не, но сепак да прашам...дали мали кактусчиња може да ги ставам на површина близу парно?
Девојки зошто ми пожолтува орхидејава? Од кога и се исушија цветовите и и паднаа, ја скратив гранката 3-4 цм што беше исушено. Истото го направив и со другото гранче, него ништо не му е зелено е. Од што може да и е? Вчера стоеше во вода, надоле листовите и се многу свежи. Да не треба да ја скратам до доле?
Девојки ми треба помош На мајка ми за роденден и купив цвеќе и се си беше во ред, си цутеше најнормално за да сега овој период се исуши скроз. Гледам има ливчиња кои допрва ќе се развиваат, ама немаме појма ни јас ни мајка ми дали е тој нормален процес на цвеќето пошто е зима, или едноставно си овена. Еве и слики. Се надевам некоја членка што се разбира ќе ми помогни за какво цвеќе станува збор и како да го негуваме?
Од многу вода е ова. Цветовите е нормално да прецветат, ако имаш среќа ќе цвета пак, кај мене не успеа го имам 2ипол години и по прецветувањето никогаш ми нема цветано пак. Но листовите се дефинитивно од многу вода, ова е каланхое и вид на сулулент, вода по малку еднаш на 2 недели. Не знам каква ти е саксијата, треба да има дупки одоздоле за да истечува вишокот вода, и под неа фрлај ја целата вода да не останува воопшто од истеченото зашто ќе скапат корените. Топлината не му е точку битна, ама нејќе многу високи температури, најдобро да стои на прозорец и повремено отварај го да го лади, посебно ако имате парно и е сув воздухот, сакат проветрување често. И внимавај да не ги топиш листовите кога ќе го наводнуваш. Сега не ставај вода околу 1 месец, почекај да се исуши скроз земјата. Се надевам дека ќе се оправи, почекај некое време ако не се среди пресади го во лесно пропустлива земја и внимателно со водата И се што е суво исечи, да останат само цврстите ливчиња. Лесно е за одржување кога ќе му го научиш вадењето. Јас од едно 7 други си пресадив, брзо се размножува и уште нешто, стави 1/3 квасец во едно литро вода, размешај го убаво да се спои водата со квасецот и навади го, ќе се прероди сигурно. Ама тоа по 1 месец, откако ќе се исуши земјата убаво
Ај некој поискусен помош. Мм ми купи божиќно цвеќе, ама одма почна да ми се суши, дали бара некои посебни услови за чување?
Наводнување еднаш неделно и не сака промаја, доколку си отворила прозорец блиски до него од тоа е, веднаш се сушат кога ќе ги фати промаја
На шанк во кујна ми стои, дали бара повеќе светлина и на која температура му одговара? Е сеа јас му ставив два пати вода во неколку дена, може од тоа да е
Сака светлина да, ама не многу директна, не на прозорец. Може и од вода да е, навиднувај го само кога горниот дел на земјата е сува, проверувај со прст. Ама најмногу и смета промаја
Еве совет и од мене: ако не ви е пресадено откако сте го купиле, пресадете го во некоја убава купечка земја. Кога ги купуваме од цвеќари, цвеќињата се секогаш напукани со хемија, и после тоа болуваат дури се адаптираат на домашни услови. Таа смеса во која ги продаваат, не може да се нарече ни земја. Значи пресадување, ставање на светло место, и водичка кога ќе се засуши земјата. Каланхое е ова, кај мене цвета секоја година.