Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Цвеќе

Дискусија во 'Дом' започната од Lastbreath, 11 јуни 2010.

  1. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Во цвеќара :)
    Секогаш имаат и нешто поголемо но рачунај дека возрасно растение е и поскапо од младото. Ако не најдеш во цвеќара барај во големите расадници како на пример Фоја во Усје, Булка и тн.
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    Добив на подарок Божиќно цвеќе, такво црвено. Не знаеа да ми кажат како да го одржавам.
    На топло/ ладно? На прозорец од внатрешна страна дали ќе смета светлоста?
    Колку пати да ставам вода и колку?
    Малку е уништено при транспорт, ср надецам ќе ми потрае
     
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    А Божиќниот кактус како се одгледува?
     
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Сега се петте минути на божиќниот кактус. :)
    Кај мене стои во ладен светларник, полн е со пупки, вода поретко му ставам, и очекувам околу Божиќ да се покаже со цветови. Ако се чува на потопло, тогаш побрзо процветува ама и пократко траат цветовите.
    А летно време го чувам надвор на сенка.
     
    На dayla и forumce им се допаѓа ова.
  5. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    5.610
    Пол:
    Женски
    Женски, сарделите мора ли да ги внесам зимава внатре?
    Имам три во голема, долга саксија, надвор ретко паѓа температурата под 0 и често врне, а се на отворено. До пред некоја недела уште цветаа, и сега имаат неколку пупки. За сега изгледаат добро, многу се зелени и силни, ама не сакам да ми овенат ако ги оставам. Изненадена сум колку се издржливи. А страв ми е дека ако ги внесам внатре, полошо ќе направам зашто ќе имаат многу помалку светлина.
    Совет? :?:
     
    На Оленка* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Оленка*

    Оленка* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Внеси ги, нека не те загрижува намалената светлина, цвеќињата знаат дека е зимо и стагнираат во овој период. Сега не е премногу ладен период но ако фати студ ќе ги пресече. Во ноември се прибираат дома, март-април изнеси ги надвор. Ние имаме над 10 саксии со сардели, со години ги чуваме вака.
     
    На dayla му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    5.610
    Пол:
    Женски
    А дали мора да ги поткастрам или нема потреба? Од суви листови и цветови секако редовно ги чистам. Фала ти многу! :f:
     
    На Оленка* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    8.568
    Па пожелно е да се поткастрат, за да не ти одат многу во висина летово, и побогато ќе цветаат.
    Извинете за упад :)
     
    На Оленка* и dayla им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.915
    Допаѓања:
    177.308
    Пол:
    Женски
    Девојки советувајте!
    Имам нова Орхидеја. Од декември. Супер си беше. Си отвори и нови цветови. Денеска сите пупки една по една почнаа да и паѓаат. Што би можело да е?

    Пред неколку дена ја ставив во вода како што ми кажаа 10тина минути. Дали може да е тоа? Ме напна маж ми и било време да се навади, можно е да не и било време и да е поради тоа?
    Дали можам нешто да направам, се плашам во каква состојба утре ќе ја најдам.. не сакам да ми умре.. :(
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Да не прецветала?
    И на мојата така и паднаа за 2 дена сите 12-13 цвета. :(
    Сега така си стојат стапови нагоре :D и ставам вода и свежи и се листовите, ама некако не верувам дека пак ќе има цветови мојава.
     
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.915
    Допаѓања:
    177.308
    Пол:
    Женски
    Цветовите уште се ок. Пупките испопаѓаа што требаше да се отворат допрва. Само 2 се отворија за ова време што ја имам.
     
  12. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    Исто и кај мене така почна.
    Две пупки стоеа и не сакаа да расцветаат, на крај првен тие паднаа па после нив и цветовите..
    Ја чував по правила и прописи, ама ете не знам што и стана.
     
  13. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.915
    Допаѓања:
    177.308
    Пол:
    Женски
    Многу ми е мака значи. Ептен ми прирасна за срце. Нон стоп застанував да ја погледам и да и се воодушевувам. :|
     
  14. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    33.748
    Пол:
    Женски
    Сваќата @TutiFuti нека помага таа е за орхидеи експерт:*
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.464
    И јас, само и се ѕверев како мачор (facepalm) :rofl:
    Може си ја урочив :worried: :D
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.378
    Допаѓања:
    171.466
    не и се секирај
    при промена на просторија обавезно и паѓаат пупките кои требало да се отворат
    значи од дукан кај тебе дома- промена
    можно е да и фали влага сув и е воздухот но сите орхидеи што сум ги купила и донесила дома на сите им попаѓаа пупките ни една не пушти нов цвет
     
  17. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.755
    Допаѓања:
    34.016
    Пол:
    Женски
    Ако може пушти слика.
    Инаку знаат пупките неразцветани да падаат од топло (парно) промена на клима. Корените ако и се зелени не и ставај вода . Сака да биде на светлина.
    Обично новите орхидеи сега купувани имаат мана 60%-70% од нив се премрзнати и кога ги донедеш дома хаос почнува. Така и ја лани кога купувам иста ситуавија беше месец дена држи цвет и изумираат , сега ги наводнувам некогаш па некогаш не ги многу тинтарам дури и вода од чешма дорекно им ставам ете ги сите се спремаат да цветаат по пауза од 6м бидејќи им сменив место. received_195742418945607.jpeg received_444761510222699.jpeg
    @Ava.84
     
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.915
    Допаѓања:
    177.308
    Пол:
    Женски
    @TutiFuti
    IMG_20210113_114929.jpg IMG_20210113_115109.jpg
    Пола од пупките паднаа. И останативе се згужвани.
    Ја чувам во кујна. Таму не греам. Ама до сега беше ок. Дали да ја префрлам каде што греам? На потопло? Таму детето ќе ми ја чепка, ај тоа на страна, ама да не и е па претопло таму? Чувам на 22 степена ама стига до 23-24.
     
    На Antolinaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    18.051
    @Yowannty Овие последните пупки горе обично никогаш не ми цветале мене. Баш вака скожурлавени се правеле секогаш и пожолтувале.
    Вака на сликиве убава гледа, листовите океј и се, остатокот од цветовите исто. Да не има водичка во украсниот сад останато? И направи дупчиња на прозирната саксија за да се цеди водата?
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.341
    Допаѓања:
    102.997
    Пол:
    Женски
    Кога одиш од Центар накај ЗОО, продолжуваш после семафорот уште 200м од десна страна имаш Грин Планет, расадник, цените им се поефтини од цвеќарите. Мене таму ми е најубаво за пазарење. И во Електрометал/елемент, Бриколаж, ама таму внимавај, знаат да продаваат болни растенија.
    Сув и е воздухот. Прскај со флетарица (прскалка) од подалеко, да ја оросиш. А за полевање ќе ја подгинеш ќе видиш дали се сиви корењата, ако се полеј, ако не не и е време. На поладно и по 10 дена може да издржи, на потопло најмногу 7 дена. Во декоративната саксија стави неколку камчиња, еден слој 2цм да има, па после стави ја пластичната саксија, така ќе дренира водата а таа вода што е во камчињата постепено ќе испарува.

    За орхидеи најважно е да им се погоди местото, имам една познаничка добива орхидеа на подарок, ја вади од пластиката, ја чисти и ја шлапа у стакленка една како застане така. Во некоја има по 3 орхидеи, во некоја по 1 а во една голема кугла има 7 орхидеи. Не става, цеди, тинтари, како ќе и дојде става вода и продужи даље. Дома просторот кај што и стојат е џунгла, ако земе да расплеткува орхидеи отидоа, се е заплеткано. Сите и се во цвет скоро па стално, една прецветала, гранка од доле друга или па од некаде штрчи веќе пупка. Нит супстрат, ни прихрана, ни ништо. Само вода и сонце. Сите и купуваат орхидеи зошто мислат дека ги обожава, а она уствари силум прилике почна да ги собира и топ и се. Има може 30 примероци.
     
    На Sky-butterfly, duffi, ALISA0000 и 4 други им се допаѓа ова.