Обожавам цвеќиња, обожавам , било какви сите ги сакам . Значи дом не е дома, ако нема цвеќиња во него. Кај нас има многу и сите јас си ги негувам и мајка ми понекгаш . Исто така баш некни собирав семе од цвеќињата за да има за на пролет . Најмногу сакам орхидеи, кали, трендафили(без боцки) , рози итн.... мн се.....
Дали знае некој каде можам да најдам гербери во саксија? или семе да насадам најомилени цвекиња ми се па дома обавезно морам да имам во вазна, но малку скапички се од цвекара 80-90 ден за само еден цвет..а дур направам цел букет со многу цвекиња па си викам да пробам сама да си ги одгледувам
Во домот немаме цвеќиња.Порано имавме. И многу ми е жал што немаме.Без нив пуст ни е домот,тие како да зрачеа позитивна енергија. Ама ете здравјето е поважно.Што да се прави кога си алергичен на полен. А вештачки цвеќиња воопшто несакам.Вештачко е,што е поентата тука ?
Помооош! Имам едно цвеќенце дома ама незнам шо му е дали почна да овенува, незнам. Ама пред 3-4 дена си го купив. Прашањето ми беше: дали може да му сварам чај и да го изладам а после да му го истурам? и каков да биде чајот? ии дали да растворам ц витамин и да му го истурам?
Општи прашања може малку глупаво ќе ви се види моево прашање ама јас стварно си имам мака.. Како да ја исушам земјата на цвеќето во саксија во која сум претурила вода? Пред неколку дена турив вода, демек на сахара ми е цвеќенцето и никако да ја испие се уште. Нешто дури и почна да овенува Знам дека многу вода им штети, ама ете бидна и сега ми треба некаква помош за да не испадне да треба да се простам од него
Општи прашања Па саксијата би требало да има дупчиња одоздола, и во таа чинија/тацна/не-знам-што-е, вишокот вода сама си истекува... Инаку зависи и од тоа каква земја си ставила, но мислам дека со дупчињата би требало да го решиш проблемот.
Општи прашања Не е. Стаклена е. Како оние за златни рипки што се.. Нешто пробував со салфетка да упие, ама тоа само одозгора, не може да извлече водата од доле
Општи прашања Тогаш веројатно немаш искуство со цвеќиња. Значи вака, имаш два типа на цвеќиња: букети кои се полу-живи (оти им е исечен коренот, тоа јас така ги крстив) и нив ги ставаме во вода со малку шеќер, и истите се сушат после некое време; и оној втор тип- саксиски цвеќиња кои имаат корен и со соодветна грижа, ние ги имаме со години. Значи ти веројатно имаш саксиско цвеќе, барем јас така разбрав. Ако сакаш да го зачуваш, мора да го пресадиш во саксија, ги има во секоја пластичарска продавница во најазлични бои, големини и форми. Саксиите си имаат дупчиња кои ја испуштаат вишокот вода. После некое време ќе увидиш колку вода му треба и толку ќе му ставаш. Вака во стаклена кугла, цветот е осуден на пропаст, поточно ќе овене. Да не дрдорам многу, веројатно ме сфати... Совен плус: Јас и оние полу-живите ги зачувувам, со лак за коса го прскаш цветот и имам нешто како букет од повеќе такви суви цветови, а изгледа интересно...
Извади го растението од таа саксија, остави ја земјата да се изуши, пресади го во саксија со дупчиња. Стори го ова што е можно побрзо, бидејќи најверојатно коренот веќе почнал да гние. Во зависност од растението, можеби најдобра опција ти е да пристапиш и кон размножување на истото (правење на резници). И никогаш повеќе не сади цвеќиња во сад без дупчиња. Освен ако одгледуваш аквариумски растенија .
Општи прашања Пресади го само така ќе го спасиш,во саксијка која што има дупчиња на дното така вишокот вода не протекува и коренот ќе си впие вода колку што е потребно Исто така можеш да побараш и да прочиташ на нет за цвеќето како да се наводнува,има цвеќиња на кои и по недела време не им треба наводнување,а некои секоја ден така да ...разлисти види Пресади го во сува земја и наводни го само малку ,ќе го спасш ќе видиш
Општи прашања Салонските цвеќиња или било кои од оние кои ги чувате внатре,не треба да се наводнуваат директно во земјата,туку треба да се сипе водата во тацната во која стои цвеќето,па тоа ќе си влече вода колку му е потребно.Вака ако му сипувате одозгора,земјата никогаш нема да му е сува,се создаваат повеќе црви кои го јадат коренот на цвеќето и самиот корен скапува од претерано многу вода.А и земјата одозгора фаќа буѓа.
Видов во еден двор како виолетови лалиња мнооогу е убаво и разбрав дека тоа било Магнолија. Дали некој знае каде да најдам и колку чини ?
Магнолијата е дрво, можеби се работи за некој друг вид на цвеќе. http://mymontys.com/wordpress/wp-conten ... gnolia.jpg За виолетово лале мислам дека кај нас е потешко да најдеш. Инаку расадот за лале е како лукче. Го има во земјоделски аптеки, а можеби и во некои цвеќари.
На Бит-пазар имаше, видов деновиве, ама не прашав колку коштаат. (Сигурно се поефтини отколку во расадник).