Кај мојата има коренчиња излезено висат на саксијата. И нив да не ги фаќа вода? Ве исчитав и пак не ми е јасно
Тие што висат од саксијата се нарекуваат воздушни корења. И на нив им е потребна вода. Со оглед на тоа што растат на сите страни и се во висина на листовите, не може да се потопат заедно со саксијата. Затоа треба алтернативен начин за нивно наводнување. Со чаша или шише вода полевај ги откако ќе ја потопиш саксијата. Се надевам дека добро објаснив...
@Sky-butterfly @mal.ecka Не ја потопувајте скрос до горе. Два прста под горниот раб е доволно. Оти не сакаат вода да навлезе во круната и меѓу листовите. Воздушните корења може со прскалче и стоена вода да ги испрскате. Така нема беља да направите со навлегување вода внатре. Избушете дупчиња од страните, имам во некоја од темите дали во оваа или собни цвеќиња ставено слика. За потопување можете зелен чај да го растворите во водата.
После празникот орхидеа никако неможам да најдам а ми треба до Сабота Дали знаете каде има но со сигурност да има а и со достава да се Не сум од Скопје па да нарачам вечерва до Сабота да ми стигне
Sanseveria Cylindrica. Само врвовите се вештачки обоени. Не земај такви боени. Цена околу 300-400 мислам поголемите.
Zdravoo, dali nekoj ima cuvano anturium da mi kaze kako treba da se odgleduva koga treba da se presadi voda kako treba?
Има м каланхоја веќе трета година цветаше само првата година кога ми ја подарија. Што да се направи пак да цвета? Инаку супер си расте се разгранува и сл.
Раствори неколку капки јод во водата кога следен пат ќе ја полеваш. Ова ми е pro tip од мајка ми за секое растение кое цвета.
Поздрав жени, поклон добив Орхидеа но не знам како се одгледува. Ставена ми е на прозорец каде што неколку часа во денот директно има сонце. Вода и ставив вчера прв пат, три мали капаченца и сега денес гледам цветовите се како изгорени, овенати и три паднале Ве молам за совет како да ја одгледувам..
Не сака сонце. На источен прозор да ја ставиш најубаво, да има светлина ама никако директно сонце. Изгорела затоа е таква
Орхидејата сака светлина но не сонце. Најубаво според мене ако ја чуваш на прозор нека биде исток или запад да не е југ.позз
Може наскоро да ги изгуби сите цветови заради претрпениот стрес при промена на средина. Нормално е тоа. Кога ќе паднат цветовите остави ја гранката да се исуши па исечи ја со стерилизирани ножици и нароси цимет на исеченото место. Веќе ти кажале да ја преместиш на прозор што гледа на исток или запад. Повеќе околу одгледувањето прочитај погоре. Ако мислиш на декоративните саксии, може да се стави пластичната саксија во декоративна саксија. Важно е да не бидат кнап за да може да циркулира воздухот за да не скапат корењата. Исто така, ако ја чувате орхидејата на овој начин да знаете дека корењата внатре во саксијата може да пожолтат. Тоа е нормално.
Ова е сукулент од родот на Haworthia. Прилично е лесно за одгледување. Не расте брзо. Треба да биде посадено во добро пропустлива земја и саксијата задолжително да има дупки. Побарај супстрат за кактуси и сукуленти. Вода се става кога земјата ќе се исуши целосно и треба да се внимава да не навлезе во круната. За сукуленти генерално подобро е премалку отколку премногу вода бидејќи лесно скапуваат. Сакаат светлина, но да не бидат изложени директно на сонце. Им одговара на прозорец ориентиран кон исток или запад.