Мојата од лани од 8ми март што ја добив,и паднаа цветовите и оттогаш ниту и излегоа гранки ниту пак може да цвета. На прозор на запад е, ја полевам со вода како што треба,ја потопувам,ама абер за излегување на гранка нема. Листовите и се свежи и еден куп коренчиња излезени надвор има,ама цветови нема. Да чекам,или треба нешто да преземам? Да ја пресадам можеби
Јас на мојата орхидеја и ставам една кафена лажица цимет во водата - кога ке ми текне (еднаш на 2-3 месеци) и ја оставам 30 - 40 мин, исто ја добив за 8ми март пред 2 год и супер е...
Го добив за 8 ми март. Ваша малку жлтичок ама до пожолте. Дали ако го исечам горе кај заленото ќе се спаси ,ќе порасне корен !? Ептен средината и надолу е жолт
Jас мојот го пресеков т.е. старото големо стапче го фрлив а младите ги оставив во вода нагоре што беа никнати и си пуштија корења.
Не,има ли посебна за орхидеи? @Осе и моето исто пожолте,и на мајка ми,што им е на бамбусиве Одстоена вода им е ставена,има светло,а не е директно сонце.... Моето е помалку пожолтено стеблото,ама сепак е жолто.
Значи може овде да сецнам ,па ќе се спаси барем нешто ,жал ми е да ми скапе @hello-kitty.90 не знам ,така ми го донесе зажолтен ај реков дека смени место ќе се оправи . Му ставив нова вода зовриена и отстоена зошто таа мирисаше чудно. На светло е и не многу топло до кај 20-22 степени. Секој ден го пишав цврсто беше жолтото ама денес меко и затоа немам надеж дека ќе се оправи...
@hello-kitty.90 Има посебна за орхидеи, ама ептен претпазливо треба со неа. Јас постојано со зелен чај ги потопувам и тераат како луди. @Осе Штом мирисала водата заболен е. Исечи до таму каде што не е меко и скапано. Остави го денес да се подсуши и утре стави го во одстоена или превриена вода.
Пресади ја. Голема е веројатноста да е разграден супстратот. Купи супстрат за орхидеи. Пред да ја пресадуваш нека отстои во вода 10-15 минути. Така корењата ќе бидат поеластични и нема да ти се скршат. Целиот супстрат отстрани го од корењата. Убаво би било да ги исплакнеш со вода корењата пред да ја префрлиш орхидејата во саксијата со новиот супстрат. Еве едно видео што би ти помогнало: Ако планираш да купиш прихрана, гледај да биде таа што е за раст на самото растение, а не за цветање. Прихраната за раст содржи поголемо количество на азот. Ставај точно колку што пишува во упатството. Немој да ставаш повеќе. Или пробај прво со зелениот чај како што рече @Antolinaa. @Antolinaa само кажи точно што треба да се прави. Инаку за повторно цветање многу често ги чуваат орхидеите на пониска температура за време од 2-4 недели. 16-19°С преку ноќ и 21-24°С преку ден. Ова природно се случува на есен, па тој период би требало да се појави раст на цветна гранка. https://www.youtube.com/playlist?list=PLxo6tXzj__mZzIrS7nCGjI6NEwWCwvuya Девојкава има цела серија на видеа за почетници.
Да Скај, јас таков користам цело време. Едно кесиче го ставам во шоља вода и после го ставам во водата каде што ги потопувам. Едит: Сега гледам дека со @Aztec во исто време сме пишале. Немам точна мерка за чајот, едно кесиче на нормална шоља за чај и растворам после во 4-5-6 литри вода, зависи колку орхидеи ми се за потопување. До сега немало проблем да речам со горење на корења и слично, како што имав случај со вештачката прихрана. Ем од тоа што пишуваше дупло помалку ставив и пак ја зафркнав работата и од тогаш ене го стои, ако сака некоја ќе ви го пратам
По српскиве групи на фб читам фалат некој шумечи таблети за орхидеи, да не знае некој кај нас дали има такви таблети. Јас користам течна прихрана со зелен чај немам пробано баш ќе пробам. А сега кога ја пресадував едната орхидеа во земјата најдов ситни црни бубачки птетпоставувам дека е од земјата.