Од една цвеќара во Прилеп Тиара се вика побарај на фб, јас од таму ја земав. Јас имам бела и циклама боја ама ваква немав видено до сега. Многу го сакам цвеќево цвета цело лето
јас ја имам веќе повеќе од година, не бара многу внимание. Во летото ми стоеше на балкон, во сенка воглавно. Тој црвениот дел во средина, круната што беше, ми се исуши, ја пререзав со ножици, сега има многу младици, ваљда треба да се пресадуваат, ама немам поим како, па ја оставам вака. Се залива во круната, долу, нејќе директно сонце. Ако некој знае повеќе што би можела да и направам, посебно со овој сувиот дел во средината, нека пише, тенкс
Ваљда може, колку може лимон да има во кесичкине не знам.. Многу е убава. Јас моментално нема слика од мојата, висока е околу 1.20 - 1.30, ама малечка не сум видела до сега. Мојата е виолетова/циклама боја. И уназад 4-5 год. го барав овдека цвеќево не најдов, си донесов од одмор, ама не ми преживеа. Па, кога најдов овде живи радости бев. Многу ми е убава дека цело лето цвета.
Треба ли да ја пресадам во поголема саксија? Купена е пред два месеци, ама порасна од тогаш, а јас не сум баш искусна околу цвеќињава И, зошто на некои места на листовите или по рабовите има жолти делчиња? Не сум сигурна дали ваква беше кога ја купив? Дали можеби многу вода и ставам? Иако внимавам прво да се исуши земјата, па потоа ставам вода, не претерувам мислам
По цветање растението пушта подмладоци и потоа умира. Ако сакаш можеш да ги пресадиш сите подмладоци во посебни саксии, а можеш и да ги оставиш сите во една саксија и да добиеш „едно“ големо растение. Колку подолго се развиваат прикрепени за мајката, толку поголеми шанси за преживување имаат по разделување. Инаку немаат нешто многу развиен корен, па не им треба многу голема саксија. Ако досега не си го пресадувала растението, убаво би било да го направиш тоа пролетва. 1-3 години им се потребни на подмладоците за созревање и создавање на цвет. Обично ги оставаат овие да ја исполнат целосно саксијата, па дури потоа ги пресадуваат. Сепак можеш да го пресадиш во поубава земја и мааалку поголема саксија. Од сликата изгледа како да се работи за механички оштетувања на растението, значи ништо страшно. Продолжи со тој начин на наводнување и не би требало да имаш проблем.
Спојлер: Nolina, Dypsis, Chamaedorea Спојлер: Chlorophytum Спојлер: Hoya carnosa Познато како Исусов венец кај нас. Неколку од листата на нетоксични растенија што ја најдов.
Благодарам. Овие не се толку убави како оние што ги набројав. Најверојатно ке се одлучам за кактуси - сукуленти? Имате ли препорака? Планирав да ставам голема саксија до тв комодата ама ке ставам 3 мали саксии со кактуси.
Не е мој. Сликата е од нет. Не сум го видела кактусов во скоро време, ама зимата беше доста распространет. Во секоја цвеќарница го имаше и не беше скап. Можеби има останато некаде... Распрашај се.
A dali za vodata nekji direktno vo korenot vo zemjata da mu se tura? Ili treba samo vo krunata da si ima voda?
Хелоу дечки, дали знаете каде може да најдам готов микс за сукуленти и кактуси? Пред 3 години имав купено од земјоделската аптека кај Тафталиџе пазарчето, ама скоро ми рекоа дека долго време веќе не го добиваат миксот. Тенкс
Провери во Електрометал кај Сити Мол. Имам таму видено земја и течно ѓубриво кои се специјално за сукуленти и кактуси. Ако нема, провери и во Меркур и Бриколаж.
Каде да најдам ваква боја на Сардела и не висечки имам такви? Во Ристови Струмица имам видено, а сигурно и по локални цвеќари. Цена 500-1000 ден. Гледај да е расцветана за да не те излажат. Еве кај Ристови.