Каде би можела да најдам сансеверија, ваква: По можност во Карпош/Ѓорче Петров некаде? Исто сакам и бамбус да си земам, и тоа ме интересира кај да најдам?
За првото цвеќе провери во цвеќарата на приземје во Сити Мол или во цвеќарата кај зградата Биси спроти Сити Мол. Имам видено и на двете места ваква сансеверија.
Труп сум за растенијава, па да ми кажете. Да си го пресадам во убаво саксииче може? И земја што како да ставам? Вода,сонце....
Побарај земја за кактуси и сукуленти и пресади го во малку поголема саксија. Вода ставај кога ќе се исуши земјата. Важно е на дното од саксијата да има дупки за да може вишокот вода да се исцеди. Смести го на прозорец што гледа на исток или запад.
Здраво,за 8 ми март од мм добив Орхидеја.До пред 2-3 дена беше во ред се додека не почнаа ливчињата да се сушат и паѓаат. Седи во проѕирна саксија,изложена е на денска светлина и еднаш неделно ја ставам во сад со вода одстоена 5 до 10 мин. И да напоменам,корените што се во саксијата се зелени а тие што се надвор од неа се сивкасти. Што би можело да биде ? Ако има некоја искуство со Орхидеи нека пиши.Немам искуство со цвеќиња а ги сакам.
Цветовите и паѓаат? Инаку треба да им ставаш вода и на воздушните корења. @"Zoki" сличен кактус и @Izaabella каланхое има во Cvekara Tiara Flower. Можете да ги видите на фб.
@Frost1 баш на претходните страници тоа дискутиравме. Еве дел од мислењата околу наводнувањето. Уште подобро би било да се вратиш назад и да ги прочиташ сите.
Веројатно од многу вода ти скапале корените. Вода ставај само кога ќе се сребрени корените, никако ако се зелени. И направи повеќе дупки на саксијата, малку се тие долу Туку јас да ве прашам. Сарделите ми беа на презимување во гаража, сите листови беа суви. Исеков се останаа само стебла, ги скратив, среќа цврсти се и зелени. Имал некој искуство да се појават нови ливчиња или џабе ќе чекам?
Ништо не те кошта да почекаш да видиш. Нека бидат на светло и стави им малку водичка, сигурно немале никаква светлина во гаражата,затоа се исушиле.
Прашање за оние кои одгледуваат орхидеи, кога ги пресадувате? Пријателка ми кажа дека штом ја купи, веднаш ја пресадува, го вади сунгерот и ја става во поголема саксија. Дали е океј да се пресадува веднаш, затоа што цвета?
Обично се чека да се паднат цветовите, но ако се работи за штотуку купена орхидеја можеби подобро би било веднаш да се пресади. Најчесто супстратот е разграден и корењата не добиваат доволно воздух па постои можност да скапат.
Може ли да ми посочите каде има да се купи убави питунии од оние што паѓаат надолу? Ама да се стварно убави и бујни.. Две години по ред купувам ама никако да ги погодам, се некој млитави ми се паѓаат
Неколку пати сум пробала да чувам петунии и било неуспешно. Цело време треба да внимаваш да не фатат вошки и да ги прихрануваш. И се откажав. Инаку тие висечките мислам дека сурфинии ги викаат... Таман работа. Нормално е да се исушат цветовите. Види овде што треба да се направи кога ќе паднат цветовите. Можеби ќе успееш да ја натераш да пушти уште една цветна гранка. Пресади ја кога ќе паднат сите цветови.
Јас мојата орхидеја ја преместив на друг прозорец, на претходниот има повеќе директно сонце, сега на овој ми е страв да не и е претемно. Има венецијанери на прозорците и плус соседната куќа ни зафаќа сонце ама ќе ја следам, ако видам промени ќе ја враќам на исто место па ќе ја заштитувам од сонце. Во полниот цват е сега. Уште неколку пупки само на пат се да се отворат. Кога ќе паднат ќе ја пресадам. Се надевам ќе ми успее, многу ми се допаѓа