Фала Зошто? Откри што и фали? Да не е директно сонце, премалку дупчиња? Се надевам ќе се привикне и ќе опстои за понатаму
Не е директно на сонце,едната гранка свена. Ете рекоа нормално било. Многу ја сака ама воопшто немам време да се грижам за неа
Ми се чини кратко ми стоеше расцветана. Мојава немам место на прозор,кратко е прагчето,па на трпезариска ми стои,ама веднаш до прозор.Има светлина,е дупчиња + не направив.Со што да ја пробушам саксијата?
Минатата година имав земено од расадникот во Бардовци и ептен се погодија. Инаку да, многу се тешки за одгледување. Прскање против вошки, пепелница, прихрана на секои 10 дена и полевање навечер со отстоена вода. Мачно е ама преубави се кога ќе се пуштат надолу
Јас мојата пластична провидна пробушив со ножици. А ќе барам пак некоја таква само поголема за пресадување.
@Andrejaaaaaa https://www.facebook.com/-Super-garden--134544066573504/ Можеш да им пишеш ама најдобро ти е да отидеш да си одбереш.
@mal.ecka @Sky-butterfly Дупчиња можете со шрафилица или па подебела шајка загреана на плинско/свеќа (пазете само да не се изгорите со неа, држете ја со клешти) и пробушете ја саксијата. На почеток со шајка правев, сега им го фатив редот со шрафилицата
од што може да и е тоа темното се појавило само на таму на средина под цветот...што да превземам? (Спатифилум е)
@x.Daisy.x @orevokrsacka Ви благодарам ќе почекам околу месец се надевам ќе пуштат нови. За орхидеите. Никако пресадување додека цветат, и никако прихрана додека цветат. Тогаш може да ги пресадува само поискусен, кај почетници не се препорачува ова. Додека има сунгерче само треба внимателно со вода зашто тоа држи подолго влага, по малку дури кога ќе посиват корените, кај мене тоа му доаѓа на околу 10тина дена, сега зависи од топлина во соба од густина на земја и сл. Јас ве советувам да ги пресадувате само доколку забележите дека нешто не е во ред со неа (дамки на листовите, овенати листови или пожолтени) и доколку има процес во круната (како црни точки или мувла), во спротивно не ги чепкајте, не сакат многу титрење. Најдобро место и е источна страна до прозорец. Сакаам многу светлина, но не директно сонце, затоа може и на северна страна само тогаш постои можност да е побавен процесот во пуштање цветна гранка. Се друго што ве интересира слободно прашајте, ги имам 12, од кои 5 пуштаат нови цветни гранки. Станав зависна А да и за дупчиња, јас правам со малку подолга шајка, на врвот држам малку подолго со опаљач, и потоа со врвот внимателно притискам на саксијата. Внимавајте само да не ја внесете многу шајката во саксијата, да не стигне до некој корен
Да не стои на место каде што фаќа промаја. Вода кога ќе се исуши горниот слој од земјата. Од време на време можеш со прскалка да му ги прскаш листовите со мека вода или под саксијата да ставиш еден ред камчиња и во тацната да ставиш вода за да може да се одржува влагата во воздухот околу растението бидејќи тоа е многу важно. Ако температурата се спушти под 15 °C поретко ставај му вода. Смести го на добро осветлено место, но да не го пече директно сонце.
Девојки ве молам за совет кои цвеќиња би успеале на западна страна на тераса? Има доста сонце попладне и самата тераса е со стаклена ограда... Се што ставам ми гори, освен еден кактус
Пркос, винка, вербена. И добро е саксиите да бидат поголеми и подлабоки, за да не се пресушува брзо земјата. И редовно наводнување во најжешките денови.
Пресади го во поголема и подлабока саксија, не огромна, ама да речеме дупло поголема од ова. Купи земја за орхидеи што е. Одоздола обавезно саксијата да биде со отвор. Светло бара, сонце не, ќе изгорат и избледат листовите. Ако терасата не ти ја пече сонце можеш од мај, до октомври и надвор да го чуваш. Вода на 2недели по малку, јас ставам малку горе и ја полнам самата тацна. Немој да го миеш цело кога ќе ти фати прашина, туку бриши листовите, можеш и со пиво за да светат. Прихрана ставај секој месец, јас ставам за салонски цвеќиња.
Девојки, во една од саксиите на Sansevieria искочија малечки, нови "листови". Едното ливче е одма до работ на саксијата, одделено од другите. Преслатко е, но дали мислите дека треба да го пресадам или да не чепкам ништо?