И кај мене на двете сансеверии ми излегоа нови бебиња ама решив да не ги чепкам. Не им треба многу земја секако, така да ќе ги чувам во истата додека не заклучам дека им е премногу тесна.
Q1: Дали знае некој каде има саксии за на ограда да се купат? Q2: Терасата ми е на јужна страна и е многу топло. Кои цвеќиња ќе ми виреат? До сега само бомбони се покажале нај издржливи, ама ми здосадија...
Здраво, дали знаете цвеќиња што не бараат многу вода, освен кактус? Ми треба за на тераса во викендица.
Мојата цвета како луда, лани ја купив со 3-4 цветчиња многу беше мала, оваа година еден корен нагре се подели на две и процвета, значи прво една гранка цветаше, па овенаа паднаа цветовите се исушија, па други две гранки цветаа и сега, трето цветање и е уште една или две(во рок од два месеци би рекла) Ова никогаш не ми се случило превозбудена сум, НО јас и ставам течна прихрана за орхидеи на секои 7 дена кога ја ставам во вода 20 мин и половинка капаче, јас па мислев од тоа се уби од цветање , сега ти викаш никако дохрана, да не ја убијам, ако не да престанам со дохраната? )
И кај мене имаше еден лист сам никнат во земјата, го пресадив во друга саксија се исуши, многу ми беше криво Сега да имам нов би го оставила да пркне
Чим цвета и тера океј, јас би рекла продолжи како што си правиш. Ако нешто не и одговара нема да цвета Која прихрана ја користиш?
Веројатно и е добро штом цвета, по книга не се става прехрана кога е во цвет ама ете искуството друго ти покажало. Само продолжи така, таа сама ќе си покаже ако нешто не и одговара
На ова вика 1 капаче на не знам колку беше литри вода. Пола и помалку од пола ставив и попара ги изгорев корените. И исто едно друго кафена амбалажа мислам од Меркур го земав. Од тогаш хемискиве ѓубрива за орхидеи во шииииииииииииииирок круг ги заобиколувам. Златен зелен чај.
Каланхојата ја пресадив во поголема саксија, ама нешто не и одговара. Уште е во соба на прозор, на исток, има светлина, ама не и диркетно сонце. Чекам да се исуши земјата па да ставам малце вода, ама пак некако суви ми стојат цветовите. Дали да земам посебна земја, некоја дохрана?
Изгледа ќе ја одморам од дохрана бар месец, да послушам совети, може до тука била границата да не ја изгорам
Одамна цвета или сега почнува? Кај мене каланхоето почнува да ги отвора цветчињата, ама додека не ги отвори сите, китката изгледа така некако, сувичка, неугледна. Ама нормално е тоа. Ако можеш пушти слика да видиме како изгледа цветот. Кај мене еве како изгледа една нерасцветана китка и една напола расцветана
Да не знае некој од ова ѓубриво за сурфинии по колку да ставам на 1л вода од прилика?? И на колку време да ги прихранувам. Ич не видов што сум купила, реков во земјоделска прихрана за сурфинии, ми ја бапнаа во ќеса, дома гледам не пишува ни име незнам кај да барам упатство.. Ако некок знае нека ме просветли