Толку од цвеќево, овена. Сега одлучивме со мама да одгледуваме домашни цвеќиња, денеска купивме семе од петунија и од маргаретки по 30 денари се. Мислам дека поголеми обожавателки на цвеќиња од мене и мама на светов нема! Нема!!!! Ќе ги насадиме во тие долгите саксии, таман за 2 месеца ќе пораснат коренчиња и ќе ги пресадиме, до јуни додека да заврши школото, а после ќе имаат нега медикир, маникир, флизура, масажа.. Ииииии сакав да ве прашам дали треба да се полеваат со многу вода и на колку дена да се полеваат?
Ве молам за предлог: ми треба идеја за цвеќе за во двор ама такво што би било изложено цел ден на сонце, некое поотпорно?
^^^Петунии(тутунче), пркос, сардели, џунџуле(не го знам правилното име, ама како жолти топки му се цветовите), зумбул( мириииис ), нарциси, каклици...
Вие што имате сарделки колку пати неделно им ставате вода,дали ви стојат на сонце или на сенка,им ставате ли нешто за потхранување?
Баба ми им става вода секој ден, после ручек. Некои се на сонце, а некои под сенка. За потхранување мислам дека ништо не им става затоа што еднаш стави и си ги изгоре..
Сарделата сака умерено заливање, јас ја заливам 2пати неделно. Повеќе сака сонце, ама и малку сенка не и е на одмет. Може да и се стави и природно ѓубриво, во принцип е благодарно и жилаво цвеќе.
Женски,денес дознав дека постои цвеќе со име :курвиче.. Да,да вистина е.Името ќе ве умри од смеа ,ама цеќето ,што е вистина преубаво е!
Каде можам да најдам најголем избор на градинарски цвекиња пошто бев на пазар три вида има само бев во два градинарски центри таму воопшто немаа и ми се виде малку тешко уредувањето на дворот после недела дена барање цвекиња
јас знам за еден расад во близина на воена болница и еден во близина на кванташки пазар. Но овој кај воена ти е подобро опремен. Можеш и во бриколаж да погледнеш.
До воена болница, до/во средното Никола Карев има едно, се вика Булка. Ако ирена мислеше на ова, таму сигурно ќе најдеш нешто убаво, имаат се и сешто. Инаку што се однесува до мене, јас многу сакам цвеќиња и не ми е тешко да се грижам за нив. Само што мајка ми воопшто не ги сака. Инаку до сега градина ќе направев од станот Имаме само едно на прозор, и за тоа едвај се изборив. Сега си го полевам со љубов секоја недела
Добив на поклон саксиско цвеќе ми рекоа бенџамин се викало. Така со поситни листови, на рабовите малку со бело се. Кажете ми што сака. Ми рекоа сакало на светло, ама јас немам место да го ставам да речеме дирекно на прозор, но собата е многу светла, дали тоа се брои . Да да на тоа место мислев БлуМун, доста добро е опремено.
Бенџаминот сака светло место ама не на директно сонце,без промаја.И особено е важно секојдневно да го оросуваш со прскалка.
ФАла, а како да го прскам , малку на ливчињата само или ? зошто мене ми рекоа еднаш неделно вода, не сакал многу вода
Со онаква прскалка за средство за стакло бришење со млака вода.Значи не загреана туку на собна температура.И најубаво е да го вадиш ако му ставиш вода во подлошката.