Зошто кога ги полевам со вода целата вода истекува а цвеќево е виснато млитаво? И дневно многу згужвани цветчиња вадам од него.Не е како на почетокот.
Стави му тацна и полеј го со доволно вода за да истече во тацната и остави го така. Ќе си повлече од водата во тацната и ќе се врати во нормала.
Ако не е за тука се извинувам. Ако може предлог за цвеќе за во големи бетонски саксии за надвор во полусенка сенка место
Воденчиња, бакопи, бегонии, украсни копривки, некои ползавци како традескантија на пример. Направи комбинација од истите пораскошно да изгледа, цвеќе со ползавец или копривка во иста саксија. Ако се доволно широки.
Па да доста се широки. Не сум мн искусна со цвеќиња ама го средуваме дворот па сакам да имам и цвеќе и така имам големи саксии
www.kitka.com.mk https://foja.com.mk/градинарски-центар/ https://agrotim.mk/rasadnik-za-proizvodstvo-na-saksisko-cveke-ristovi/ еве некои ,може ќе ти заврши работа
Може Impatiens New guinea. Прилично големи растат, а имаат навистина раскошни цветови. Спојлер: Impatiens New Guinea А може и момина солза. Да знаеш само дека е отровна, па ако имаш мали деца или миленичиња немој да ја садиш. Спојлер: Момина солза (Lily of the valley)
Ти благодарам ова момина солза отпаѓа штом е отровно, првово штом е со раскошни цветови супер е баш на нешто такво мислев
Јас би хортензија, мене ми е преубава, а има сега и преубави бои, кога порасне и разграни ептен е убава
Здраво, имам во дневна соба замија, во хумус насадена. Овие 3 4 дена мн мушички што летаат околу неа. Од земјата ли се? Чаре? Секој ден собирам преку 50 тина... Ако не ке ја тргнам.
Ви благодарам за помошта. Се одлучив во едната да засадам зачински билки рузмарин, босилок (ситен и црвен), нане и оригано, во др. лаванда и во 3 агератум, копривка и медарче.
Што цвеќенце е ова? Кога го купував ми кажаа име ама го заборавив со брзина на светлината. Не знам како да се грижам за него, цвета втор пат одново во задни 3 недели, не знам длаи сака сенка или директно сонце, редовно вода или трпи и да го заборавам некогаш.. Помош