Го прочитав твојот коментар за Вербената, јас имам насадено некои на сонце некои под сенка. Во цреп и во земја боцнати. Сигурно од Мај наваму имаш решено со нив, што им е ама за во иднина. Кога ќе пресадуваш/ расадуваш буцни го под сенка прво или црепот под сенка, и налевај вода два пати дневно. Од кога ќе потераат после стај ги на сонце. Башка тоа е толку чудно цвеќе што мене лани ми овена па по некое време се упраи. Цвет пушти а стеблото беше суво, и чатали имаше пуштено плус. Од нив расадив годинава
Се продава едно средство во земјоделска аптека што се прскаат листовите да не се моткаат мушички, сега прашај дали и за такв цвеќе може.
Јас моето алое го одржавам во живот веќе неколку години и е големо прилично. Му ставам хумус еднаш годишно, додуша година не ставив. Еднаш неделно вода , среда сречно тогаш ставам вода, мала шала. И на сонце. Но доколку ти е ново не го ставај директ одма. Зимоска дома го чувам. Не бара многу метании многу многу да знаеш.
Па сега го ставив на високо, ни многу светлина ни многу темнина. Па за понатака ќе видиме. Не се пресадува така?
Јас го имам може 7-8 години, дури годинава извадив од него и насадив во 3 мали црепчиња. И не венеат, баш се зелени.убави.Дали ќе пркнат ќе видиме. Дека старото алое има во средишниот дел веќе нови мали ластарчиња да ги речам, и си реков да пресадам да видам што ќе биде.
Моите сурфинии нгало беа нападнати од вошки, некои белолистки идруги инсекти...ги прскав денес со Актара , но ако некој знае друг пестицид ( Confidor SL200 читав дека е добар) или решение ,ве молам помогнете
Ако може совет вчера купив петунии и им ставив прихрана ама листовите се лепат и некако како овенати ми стојат, дали листовите лепат и на др петунии и дали треба нежто др да им ставам?
Лаванда ,ја купив убава голема стокмена и шутата слушајки други ја пресадив... се исуши Го извадив коренот здрав ми личи ,ја искршив и само коренот го буцнав во хумус само. Што мислите ќе преживее ли ? И ако не преживее дали може од гранче да се зафати и како ?
она се множе а мислам може и од гранче сега цвета мојата 2 имам многу се убави планирам да ги намножам и јас да извадам уште некоја