Имам голем број на кактуси, скоро на сите ми се појавиа како бели точки на нив. Што може да е тоа? Некоја болест? Спас од тоа? Многу имам вложено и дадено за да дозволам да ми се уништат..
Останатите имаат како бели точки, на допир се меки како течност. Утре преку ден ако не заборавам ќе сликнам зошто се мали бело точки. Но од еден, буквално сите се заразија..
Ова личи на волнести вошки (mealybugs). Има многу информации за нив. Спореди ги кактусите со слики од нет за да се осигураш дека тие се проблемот. Изолирај ги сите кактуси што изгледаат како овој на сликата, па утре оди во земјоделска аптека и побарај инсектицид. Мислам дека кај нас ги третираат растенијата со инсектицид Актара. Ќе ти кажат таму како се употребува. Можеби ќе треба и да ги пресадиш заразените кактуси.
Мини орхидеа, има 3 кеики, две се со цвет и едната полека пуште корен. Многу нови коренчиња гледам во саксија. Прочитав на кеикито да се стави памук или сунѓер да пуштат корени ама не знам ни како ни дали стварно треба. Некој совет?
Натопи памук со вода и завиткај го на делот каде што излегуваат корењата на кеикито. Памукот треба да биде влажен само, а не да капе вода од него. Секој ден повторувај ја постапката. Кога кеикито ќе има 3-4 коренчиња подолги од 5 cm, тогаш може да се одвои.
Фала ти. На делот на кеикито кај гранката така? Многу сум среќна што е успешна, а прва ми е и не сакам да згрешам.
Феминки вака, ми треба совет - сакам да купам некое дрвце за пред дуќан. Сакам да биде зимзелено. Наутро, па се до кај 14ч, би било изложено на директно сонце, а потоа до крајот на денот е сенка. Што да купам , да ми опстане? Имав борче, ама дојде лето, овена, пожолте, се исуши.....
http://alekshasorchids.blogspot.com/2013/04/removal-of-keiki1-and-rootless-keiki-2.html?m=1 Мислам дека овде убаво се гледа како треба да го завиткаш памукот.
Девојки, дали некаде може да се купи божур? Баба ми имаше во двор одамна, и сега сакам и јас да си посадам, ама не можам да најдам.